Менаџерите на McLaren ценат дека високите увозни царини во Индија не се пречка за да стартуваат со продажба на нивните ексклузивни автомобили. Големата азиска земја е цел главно за модели во ценовно најдостапниот сегмент, меѓутоа очигледно дека има простор и за оние од спротивниот крај, вклучувајќи ги и најексклузивните марки, како McLaren.
Првиот салон на McLaren во Индија е лоциран во Мумбаи и ќе почне со продажба во октомври. Во понудата на луксузната спортска марка ќе се најде и најновиот модел Artura, со приклучен хибриден погон.
Индија е главно пазар за најевтините модели, со удел на лускузните автомобили во вкупната продажба во земјата од само 1 процент. За пазар со вкупно 3 милиони автомобили годишно, тоа сепак се 30.000 луксузни возила.
Британците избраа дилер што на индискиот пазар ги нуди марките BMW, Lamborghini, Porsche и Ducati. Покрај најновиот модел Artura со хибриден погон со можност за надворешно полнење на батеријата, McLaren ќе ги понуди во Индија и своите модели GT, 720S и 765LT.
Претходно и Tesla објави дека планира да ги продава своите електрични автомобили во Индија, меѓутоа Американците се откажаа од намерата, откако државата одби да им обезбеди пониска увозна царина.
McLaren arrives in India. First dealership to open in Mumbai by October 2022.
India 🇮🇳 is McLaren's 41st global territory. pic.twitter.com/4LlUxnFXll— RushLane (@rushlane) August 22, 2022
На пазарот во Индија е главен Maruti Suzuki, компанија во мнозинска сопственост на јапонскиот Suzuki Motor. Своевремено на македонскиот пазар пристигаше прочуениот Maruti 800, чијашто техника ја користеше и легендарниот Dаеwoo Tico, еден од историски најпродаваните модели на нашиот пазар.
Suzuki Vitara Brezza во 750.000 примероци во Индија, доаѓа наследничката