Техника на Toyota ќе работи во новите градски автобуси на Mercedes-Benz. Испораката ќе ја врши европскиот огранок на Toyota, а инженерите ќе бидат задолжени и за приспособувањето на модулите на водороден погон во автобусите.
Toyota Motor Europe ќе испорачува модули со горивна ќелија за новиот градски автобус Mercedes-Benz eCitaro Range Extender. Станува збор за тенки модили на горивни ќелии од втора генерација, со ознака TFCM2-F-60. Еден таков модул располага со моќност од 60 kW и може лесно да се постави на покривот на автобусот, покрај батеријата и боците со водород. Модулот во автобусите на Daimler Buses, коишто се дел од Daimler Truck AG, по раздвојувањето на компанија за патнички автомобили и компанија за товарни возила и автобуси, којашто котира независно на берзата.
Главната придобивка од технологијата на горивни ќелии на Toyota е во продолжувањето на досегот на батерискиот електричен автобус. Со техниката на Toyota, автобусите на Mercedes-Benz ќе минуваат до 400 километри во единечна и до 350 километри во зглобна изведба. Со додавањето на погонскиот модул на горивни ќелии отпаѓа потребата од куси запирања на автобусот на посојките заради дополнување на батеријата.
Инженерите на Toyota Motor Europe ќе ја преземат и задачата за проектирање на целиот систем и за вградување на модулот во автобусот. На тој начин ќе се постигне врвна ефикасност, моќност и долготрајност. Погонската единица постигнува врвна ефикасност, односно споредбено ниска потрошувачка на водород, наспроти создавањето моќност. Со вграден трансформатор, модулот за пого на водород работи во подрачје меѓу 450 и 700 волти, со највисока ефикасност при 30 kW.
Јапонскиот гигант досега докажа дека водородниот погон одговара за сите примени, од луксузни лимузини до камиони од тешка категорија, мали камиони за достава, глисери и автобуси. Воспосставени се бројни соработки меѓу Toyota со останатите производители на автомобили во Европа.
Toyota Mirai вози веќе во втора генерација со погон на водород; Во шампионските држави за електромобилноста се одобруваат субвенции и за водородниот погон
Погонот на водород е моментно најсовремениот вид на погон што е достапен за автомобилската индустрија. Принципот на работа: Една горивна ќелија содржи т.н. мембрана за размена на протони. Атоми на водород се насочуваат кон горивната ќелија, но низ мембраната можат да поминат само протоните, коишто се споедбено помали. Електроните не минуваат низ мембраната, односно едноставно кажано, „остануваат од другата страна“ на мембраната. Бидејќи со преоѓањето на протоните се нарушува стабилноста на атомот, електроните се придвижуваат. Повторно, објаснето едноставно, електроните „кружат околу мембраната“. ЗА, Движењето не електроните претставува електрична струја. Таа струја се користи за напојување на погонскиот електромотор. Сето тоа, реално се одвива многу посложено, но тоа е наједноставното и најразбирливо објаснување.