На Тојота ѝ успеа уште еден рекорд, близу шест милиони возила за шест месеци

Продажбата на Тојота на светскиот пазар се искачи за 8,3 проценти во периодот од април до септември, во споредба со истиот период лани. Во првото полугодие од фискалната 2024 година, вкупно се произведени рекордни 5,7 милиони возила.

Најголемиот производител на автомобили, Тојота Мотор, на пат е да заокружи уште една година со голем раст во продажбата. Успехот се темели врз силната побарувачка за моделите на јапонскиот примус, но и на значителното стабилизирање на снабдувањето со компоненти од добавувачите.

Во првата половина од фискалната 2024 година (за јапонските компании, од 1-ви април до 31-ви март наредната година) производството во фабриките на Тојота ширум светот порасна за 10 проценти, на рекордни 5,7 милиони возила, вклучувајќи ги резултатите од марката специјализирана за мали автомобили, Даихацу, и од марката товарни возила Хино.

Најголем раст по региони е постигнат во Африка, каде што продажбата напредувала за 22 проценти. Следен регион е Средниот Исток, но високи проценти во позитива носат и најголемите пазари за марките на Тојота, Северна Америка со 9,4 проценти и Европа со 7 проценти.

Азија не се придружува меѓу пазарите што ѝ носат голем раст во продажбата на Тојота. Во делови од Азија, со исклучок на Јапонија, продажбата не се одвиваше со вообичаената динамика, меѓу другото поради забавувањето на економијата во Тајланд и Индонезија.

Продажбата на Тојота во Кина напредуваше за помалку од 1 процент, затоа што купувачите помасовно се префрлуваат на целосно електрични возила. Слабиот раст на најголемиот пазар за автомобили во светот следи по минатогодишната силна продажба, за што придонесоа и владините мерки за поттикнување на продажбата на возила.

На јапонскиот пазар се продадоа за 34 проценти повеќе возила, што се должи на надминувањето на потешкотиите со коишто се соочуваа добавувачите на компоненти за фабриките на Тојота.

Во шесте месеци, Тојота продаде 1,8 милион електрични автомобили, вклучувајќи приклучни хибриди. Тоа претставува раст од 38 проценти во споредба со истиот период лани

При отворањето на Јапан Мобилити Шоу во минатата седмица, претседателот на Лексус, Такаши Ватанабе, говореше за слабо развиената мрежа од полначи во земјата. „Тие уште се во ограничен број, но истражуваме и штотуку почнавме со програма за станици со полначи наменети за Лексус“, кажа менаџерот.

Само во септември, продажбата на Тојота напредувала за 11 проценти во споредба со лани, додека продажбата е речиси на истото ниво.

[the_ad id=”73735″]

Хонда во понеделникот објави дека глобалната продажба во првата половина од фискалната година пораснала за повеќе од 6 проценти, додека продажбата постигнала раст од 7,5 проценти, и покрај опаѓањето во Европа и Кина.

Светската продукција на Нисан напредувала за 2,8 проценти (продажбата +5,5%), исто така соочувајќи се со слабеење на кинескиот пазар.

Го следите нашиот видео канал на YouTube?

Претходна објаваКина го ограничува извозот на графит, проблем за батериите за е-автомобили
Следна објаваШефот на Сеат не планира да се откаже од марката

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here