Toyota неприкосовено до нови титули во светското рели

Себастиен Ожие и Жулијен Инграсија ја освоија титулата на последната трка во Монца. Тимските колеги Еванс и Мартин по возбудлива борба се второпласирани. Со девет победи, сезоната мина во знак на Toyota.

Двојна победа на Toyota Gazoo Racing во светското првентво во рели (WRC). Ожие и Инграсија во борбата за титулата се соочија со своите тимски колеги Елфин Еванс и Скот Мартин. Рели-викендот мина целосно во знак на епската борба меѓу двата екипажи на Toyota. Водството се менуваше дури шестпати. Во последниот ден, кога се возеа предизвикувачки етапи околу Монца, тие стартуваа со временска разлика од половина секунда. Возбудата продолжи откако на утринската етапа, Ожие-Инграсија и Еванс-Мартин извозеа наполно исто време. Победникот беше решен, откако Еванс имаше дефект на претпоследната етапа. Ожие требаше да извози барем трети, за да ја освои шампионската титула.

Тоа беше петта победа за Ожие и Инграсија годинава, по Монте Карло, Хрватска, Сардинија и Кенија, воедно и нивна 54-та заедничка победа во WRC. Вистинско крунисување на кариерата: Ожие в година ќе вози за Toyota Gazoo Racing само на неколку настани, вклучувајќи и можен настап на 24 часа Леман, додека Инграсија целосно се повлекува од мотоспортот.

Еванс и Мартин вистински го заокружија триумфот, со петтата двојна победа на Toyota сезонава. По победите во Португалија и Финска, тие вторпат во низа се вицешампиони во светското рели.

https://photos.app.goo.gl/ThLUvFXHDBGF3SzH6

Важен придонес за титулата во конструктори дадоа и Кале Рованпера и совозачот Јоне Халтунен, кои во Грција ја постигнаа првата победа во својата кариера. Во Монца, тие го имаа деветтото најдобро време, обезбедувајќи ја титулата на Toyota.

Ова е петта конструкторска титула за Toyota во WRC. Во вечната листа на победници, Toyota го дели третото место. Ова е воедно втора сезона за јапонската марка, откако се вратија во релито во 2017 година, со Yaris WRC.

Во идната сезона ќе се вози и сосем нов автомобил. Основата, секако, ќе биде GR Yaris.

>>> Ако е Toyota GR, единствено е: Купето GR 86 подготвено за старт

 

Претходна објаваFerrari има уште една Icona, во чест на трикратниот триумф во Дајтона
Следна објаваПоштата во Русија доаѓа со електрична GAZelle

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here