Ако е Toyota GR, единствено е: Купето GR 86 подготвено за старт

Новата генерација на компактното купе на Toyota ќе ја доживее својата европска премиера во почетокот на декември. Тоа е трет модел што го носи знакот на Toyota Gazoo Racing, одделението за мотоспорт. Мотор боксер со 234 КС, погонот назад.

Купе-моделите се награда за производителите и за фановите на марките. Неопходна е цврста подлога, за купе да се вклучи во понудата на одредена марка. Toyota ја има подлогата. Еден од темелите врз коишто таа почива е мотоспортот. Јапонскиот производител победува во светското рели со Yaris WRC, недостижен е во трките во издржливост со GR 010 Hybrid. Новата генерација на „86“ повеќе не се води под ознаката GT86, туку сега е GR 86. Нормално, GR по Gazoo Racing. Тоа ќе биде трет GR-модел на Toyota, по GR Supra и GR Yaris. Продажбата се очекува да стартува во следниот април.

Посебниот шарм на Toyota GR 86 е во тоа што моделот е осмислен да допре до релативно широк круг купувачи, што сакаат спортски автомобил, што изгледа, но и вози спортски. GR 86 е наследник на GT86, со истиот концепт, со мотор напред и погон назад. Секако, моторот е четирицилинарски боксер, што за новиот модел доби поголема работна зафатнина, заради повисока моќност и вртежен момент. Со зафатнина од 2,4 литри, место два литри, боксерот повлекува рамномерно и моќно во секое подрачје на вртежи.

https://photos.app.goo.gl/KYpT2txugm9Vjq2z8

За и управливоста да се доведе на врвно ниво, инженерите ја намалија тежината и постигнаа уште пониско тежиште на возилото. По пример на GR Yaris, масивно се користени алуминиум и други лесни материјали, а воедно и каросериската школка е скрутена. Подвозјето е оптимирано, за аеродинамичноста на каросеријата се користени трикови од мотоспортот.

Toyota GR 86 е автомобил за уживање, „Waku-Doki“

Новиот GR 86 претставува „аналоген автомобил за дигиталната ера“, развиен од ентузијасти за ентуаијасти. Тој е наменет за сите што возачкото уживање го доживуваат со радост, одушевување и страст. Јапонците тоа го нарекуваат „waku doki“. Купето не е развиено само за на тркачка патека, туку претставува совршен автомобилски придружник и во секојдневието. Во поглед на цената, таа се очекува да биде малку под GR Yaris.

Блокот на моторот е истиот од GT 86, но е постигнато зголемување на работната зафатнина со проширување на пречникот на цилиндрите, од 86 на 94 милиметри. При непроменета компресија (12,5:1) моќноста се зголеми за 17%, од 200 на 234 КС. Ова е првиот податок што ентузијастите ќе ги увери дека се на вистинското место: Спринтот до темпо сто трае 6,3 секунди. Со автоматик, вредноста е 6,9 секунди. Тоа е секунда покусо од GT 86. Највисоката брзина изнесува 226 km/h, односно 10 km/h помалку со автоматикот. Максималните 250 Nm, место при 6.600 вртежи кај претходникот, сега се постигнуваат веќе при 3.700 вртежи.

https://photos.app.goo.gl/YX6nEjCUJDBCAdFT9

За тежината на моторот да се намали, применети се зафати буквално во секое подрачје каде што имало можност. Тоа важи дури и за кошулките на цилиндрите, што се потенки од претходно. Исто и каналите за ладење се оптимирани, за да се смали количината на вода за ладење, а „деклата“ за вентилскиот механизам сега е од лесен материјал на база на смола, место од алуминиум. Клипниците се зајакнати, комората за согорување е оптимирана – инженерите ништо не препуштаат на случајност.

Преработен е системот D-4S за комбинирано директно и индиректно впрскување, кој сега овозможува подиректна реакција при притискање врз гасот. Директното впрскување има разладувачки ефект врз цилиндрите и дозволува повисок степен на компресија, додека индиректното впрскување работи при ниски и средни вртежи и се постигнува повисока ефикасност.

Со менување на пречникот и должината на вшмукувачката гранка е подобрен и дотокот на воздух, заради порамномерно ослободување на вртежниот момент и порамномерно забрзување. Пумпата за гориво е преработена, за подобро да работи во остри свијоци. Исто и пуммпата за вода е сменета, за повисок проток при брзо возење. Секако има и нов ладилник за масло, со водено ладење.

Нова 5,6-литарска средишна цевка во издувот се грижи да „грми“ при забрзување, дополнета со посебен звучен систем што го пренесува звукот на моторот во кабината

Заради помалку вибрации и несакани звуци, моторот на GR 86 се потпира на држачи од алуминиум, што се наполнети со течност. Менувачот поседува нов систем со карбонски прстени за синхронизација, што го олеснува префрлувањето во четвртиот степен на пренос. Ново масло со повисока вискозност и нови лежишта се грижат за лесно ракување со менувачот.

https://photos.app.goo.gl/mUiEQsZqqy5L4Euy6

Toyota GT86 стана легенда со својата управливост, секако дека тоа е испочитувано кај новиот GR 86

Напред се вградени дијагонални попречни носачи меѓу местатата на коишто се спојуваат водењето на тркалата и школката на возилото. Целта е да се подобри пренесувањето на силата до предните тркала и да се намали попречната деформација. Со сите зафати, крутоста на носот е зголемена за 60 проценти.

Прстенеста структура ги спојува горната и долната шасија во опашот на GR 86. Исто и назад има дијагонални траверзи. Целата каросерија е скрутена за 50 проценти. Покривот, предните крила и хаубата се изработени од алуминиум. Новите предни седишта се олеснети. Дури и карданското вратило и придушувачките лонци се преработени заради пониска тежина. Соодносот меѓу тежината што паѓа врз предните и врз задните тркала е речиси идеален со 53:47. Ова е едно од најлесните спортски возила со четири седишта, со најниско тежиште на пазарот. Тежината практично не се промени од GT86, иако се применети уште построги мерки за зголемена безбедност.

https://photos.app.goo.gl/ZMaD6sqyxpWHYJ3d9

Останува конструкцијата на подвозјето со мекферсон напред и двојни попречни водилки назад. Торсен-диференцијал (доаѓа од torque-sensing, зависно од вртежниот момент) обезбедува сигурна тракција при возење во остри свијоци.

Амортизерите и пружините се сменети, заради поголема стабилност и повеќе предвидливи возни својства. Носачот на управувачкиот механизам е скрутен. Задниот стабилизатор сега е директно поврзан со рамката. Управувањето со пренос 13,5:1 овозможува само 2,5 вртежи меѓу крајните положби. Предните сопирачки дискови имаат пречник од 294 милиметри, задните 290 милиметри – сите дискови се вентилирани.

Висината на возилото е смалена за 10 mm (1.310 mm), а меѓуоскиното растојание е продолжено за пет милиметри (2.575 mm). Возачкото седиште исто така е спуштено за 5 mm во споредба со GT 86

Зависно од моделската варијанта, Toyota GR 86 поседува тркала од 17 инчи со десет краци и гуми Michelin Primary HP или тркала од 18 инчи со гуми Michelin Pilot Sport 4.

https://photos.app.goo.gl/2cQqCc8gCgPV6Qq99

https://photos.app.goo.gl/6MpkLG2Fk4nn2voy5

https://photos.app.goo.gl/4z7Qn6Qb8nkKHaRA7

https://photos.app.goo.gl/EjQHFiBXg6HeJDj9A

https://photos.app.goo.gl/SNoY7kCra1d6TEvo6

https://photos.app.goo.gl/nBww8f3YT2ad7o517

https://photos.app.goo.gl/ty2KCh1bkdJEQwyg7

https://photos.app.goo.gl/D47oLgUbUJDA6fg29

https://photos.app.goo.gl/VpBKHK9PbJNKU6pJ8

https://photos.app.goo.gl/eEg4tVPNg9DNUrut6

https://photos.app.goo.gl/TV67iHdJ1Xa3D8as7

https://photos.app.goo.gl/cXqt2DqKCJMHq2gB6

https://photos.app.goo.gl/7S8WfA9gnYpUdqvB7

https://photos.app.goo.gl/jtmvv8PyquGmUE6k7

https://photos.app.goo.gl/iuCQ2cUpqYq8iVLU8

https://photos.app.goo.gl/PE5uPc9REaPuyeAd8

https://photos.app.goo.gl/v6RyZk5as1UXp7FDA

https://photos.app.goo.gl/tNevPRW7vTxaGm4n6

https://photos.app.goo.gl/d333VAX8jXJthSNQ6

https://photos.app.goo.gl/DTLkK9ueduErx5zx5

https://photos.app.goo.gl/6sUG1eRq2Cmawrdy5

https://photos.app.goo.gl/hrzjbjyxK3ccjpPk9

https://photos.app.goo.gl/e27QMZbeSxVVXAzc8

https://photos.app.goo.gl/qnrcVaqeweUEiVXH7

https://photos.app.goo.gl/4tm5to6jDRAXK92LA

https://photos.app.goo.gl/FUaQ18iZNwJHgmhh8

https://photos.app.goo.gl/Xv6r1HkSkcjbTAPi7

https://photos.app.goo.gl/8G4TaZDbUyhtjMEdA

https://photos.app.goo.gl/BwLGdkm9tTCjRriQ9

https://photos.app.goo.gl/aAMNtgNEkfiudGa37

Претходна објаваVolvo отвори станица со ултрабрзи полначи во срцето на Милано
Следна објаваНовата SEAT Arona го освежува сегментот со поцврст изглед и револуционерен ентериер

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here