за

Toyota во историјата немала поголем удел на европскиот пазар

Повеќе од 284.000 возила од марките Toyota и Lexus се продадени на европскиот пазар во првите три месеци од годината. Уште повеќе одушевува тоа што хибридните и електричните модели учествуваат со 69 проценти во продажбата на јапонскиот примус.

Продолжува рекордерската низа на Toyota во Европа. Во првото тромесечје од 2022 година, Toyota Motor Europe (TME) продаде вкупно 284.506 возила. Во време кога целиот европски пазар на автомобили бележи пад од 14 проценти, јапонскиот концерн со своите марки Toyota и Lexus ја задржа истата динамика на продажба од лани.

Уделот на Toyota во продажбата на автомобили на европскиот пазар во првото тромесечје се зголеми на 7,6 проценти, што претставува зголемување за еден процент во споредба со истиот период лани. Тоа е највисока квартална вредност на пазарниот удел во Европа, што Toyota го има постигнато во историјата.

Бидејќи продажбата на Toyota во периодот од јануари до март се задржа на истото ниво од лани, додека повеќето производители забележија пад во продажбата, тоа значи и дека уделот на концернот се зголеми соодветно. Вредноста од 7,9 проценти е историски рекорд, Toyota во историјата немала повисок пазарен удел во Европа, отколку во првиот квартал од 2022 година. Уделот конкретно се зголеми за еден процент.

Расте бројот на клиенти што се решаваат за моделите со хибриден или електричен погон (главно модели со приклучен хибриден погон). Два од секои три модели (69%) што Toyota ги продава во Европа користат електрифициран погон. Гледано само во Западна Европа, уделот изнесува дури 78 проценти.

„Пазарот беше значително послаб отколку што очекувавме, но мошне сме задоволни со нашите постигнувања во првото тромесечје. Потпомогната од бројните новитети, нашата моделска понуда е посилна од кога  било“, изјави Мет Харисон, претседател и извршен директор на Toyota Motor Europe. „Иако бројот на нарачки за нови возила и натаму поставува рекорди, економските и политичките превирања во Европа, како и долготрајното тесно грло во снабдувањето, оставаат последици врз автомобилскиот пазар. И покрај тоа, цел ни е годинава повторно да забележиме раст, иако моравме да ја коритираме нашата првична прогноза за продажбата за 2022 година.“

Марката Toyota дури успеа да ја зголеми продажбата во првиот квартал во Европа, со 270.913 продадени возила и раст од еден процент во споредба со лани. Европскиот удел само на марката Toyota се зголеми за 0,8 процентен бод, на 7,2 проценти

Главно се продаваат компактните модели: Прв е Yaris, по него следи Yaris Cross, и секако Corolla и СУВ-шампионот RAV4. Само овие четири модели сочинуваат три четвртини од продажбата.

Бројот на возила со електрифициран погон (хибриди, прикучни хибриди, батериски електрични возила и водородни електрични возила) се искачи за 21 проценти и достигна 185.361 примероци, што претставува удел од 69 проценти во вкупната продажба.

Тест на Toyota Camry: Дали хибридот штеди и на отворено?

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Volkswagen објави слики од Amarok, пикапот стартува кон крајот на годината

Нова класа: T-Class е иста како Рartner и Berlingo, ама е Mercedes-Benz