за

Toyota пред 50 години го произведе првиот автомобил во Европа

Во 1971 година беше одбележан почетокот на производството на автомобили Toyota во фабриката во Португалија. Тогаш се работеше само монтажа.

Toyota половина век произведува автомобили во Европа. Во соработка со производителот на автобуси Salvador Caetano, во 1971 година започна монтажата на возила на Toyota во мала фабрика во Португалија.

Производствената мрежа на Toyota во Европа денес опфаќа девет фабрики, во коишто директно се вработени 22.000 лица, кои годишно произведуваат по 800.000 возила. На тоа следат уште стотици илјади работни места во погоните на добавувачките компании, што ги снабдуваат фабриките на Toyota со компоненти за возила. Дополнително следат и десетици илјади вработени во продажбата и постпродажбата.

Во изминатите пет децении биле вложени повеќе од десет милијарди евра во европските фабрики. Отсекогаш било филозофија на Toyota да произведува автомобили таму каде што ги продава. Тоа начело почна посебно да се чувствува во Европа во 1990-те години. Прво беа отворени фабрики за возила и мотори во Велика Британија, потоа следеа фабрики во Франција, Турција, Чешка, Полска и Русија.

До денес Toyota има произведено повеќе од 13 милиони возила во Европа. Посебно се внимава на социјалната одговорност на компанијата како работодавец и на тесната соработка со локалните заедници

Сите модели на Toyota што постигнуваат највисока продажба во Европа, се произведуваат во Европа. Тоа важи и за Aygo и за Yaris, исто како и за Corolla и C-HR или RAV4. Најмлад член, со голем потенцијал за бестселер е новиот Yaris Cross, што од неодамна е во редовна продажба во Тојота Авто Центар.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Секако дека се почитуваше и електрификацијата, како едно од најсилните обележја на марката. Во 2010 година, од фабриката во Бурнастон во Велика Британија излезе првиот Auris Hybrid. Денес, близу 60% од сите возила Toyota и Lexus што се продаваат во Европа, располагаат со хибриден погон. Повеќето од тие модели се изработени во Европа.

Марвин Кук, заменик на извршниот директор на Toyota Motor Europe: „50 години производство во Европа – многу се гордееме на ова достигнување. Повеќе од две третини од сите возила што ги продаваме во Европа, се произведуваат тука. На тој начин даваме голем придонес за директното вработување, а со локалното производство на возила со електрифициран погон воедно го смалуваме и нивното влијание врз животната средина и се грижиме да ги постигнеме целите за СО2 на нашиот возен парк во ЕУ.“

Земја Компанија Почеток Главни модели
Чешка Toyota Motor Manufacturing Czech Republic, s.r.o. (TMMCZ) Фев. 2005 Aygo
Франција Toyota Motor Manufacturing France S.A.S. (TMMF) Јан. 2001 Yaris
Полска Toyota Motor Manufacturing Poland SP.zo.o. (TMMP) Апр. 2002 Мотори, пренос, делови од погон
Португалија Toyota Caetano Portugal, S.A. (TCAP) Авг. 1968 Land Cruiser “70” series
Турција Toyota Motor Manufacturing Turkey Inc. (TMMT) Сеп. 1994 Corolla (и HEV), C-HR (и HEV)
В. Британија Toyota Motor Manufacturing (UK) Ltd. (TMUK) Авг. 1992 Corolla (и HEV), Suzuki (OEM)
Мотори
Русија Limited Liability Company “TOYOTA MOTOR” in Saint-Petersburg (TMR-SP) Дек. 2007 Camry, RAV4

>>> Yaris Cross: По малку од Yaris, малку од RAV4, многу од Toyota

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Кога марките ќе ги произведат последните автомобили со обичен мотор?

На Toyota Mirai ѝ се доволни 5,65 kg водород за 1.360 километри пат

На Toyota Mirai ѝ се доволни 5,65 kg водород за 1.360 километри пат