за

Yaris е најпродавана Toyota во првото полугодие во Европа

Тоа е автомобилот што веднаш се забележува во уличната слика, но и се забележува почесто од останатите модел на Toyota во Европа. Малку почесто, сите модели се во одлична пазарна форма.

Според деталната статистика што ја води ЕУ, Toyota во првите шест месеци од 2022 година има продадено 368.410 патнички автомобили во регионот. Следи кус преглед на моделите на јапонската марка, рангирани според постигнатата продажба.

Пред да се појави Yaris во сегашното издание, Corolla беше главниот херој на Toyota и го привлекуваше вниманието со растот во продажбата. Компактот од низата на најпродаваната моделска серија во историјата, во јуни ја изгуби трката во својата класа единствено од новиот Peugeot 308, којшто е втор најпродаван компакт-модел, веднаш по Golf, а пред Audi A3, Megane, Серијата 1 на BMW и A-Class. Тоа сепак докажува дека Corolla и натаму е во најдобра форма.

Еден модел од сопствената куќа го презеде врвот на најпродаваните модели на Toyota. Со 76.961 продадени примероци во ЕУ од јануари до јуни, Yaris е најпродавана Toyota во Европа. Разликата во продажбата со Corolla е околу десетина проценти (69.271 примероци). Уште еден Yaris се вмешува во трката за тронот, секако дека тоа е Yaris Cross. Моделот што посредува сосем различно чувство во возењето и во секојдневната практичност од Yaris, не ѝ остава многу слободен простор на Corolla, затоа што ја заокружува тројката со 63.918 продадени примероци до јуни.

Тоа што дополнително го докажува името Corolla е динамиката на продажба во споредба со лани. Во време на кусок од полупроводници, материјали и секогаш неизвесна испорака од добавувачите, како проблеми со коишто се соочува целата бранша, падот од само 5 проценти во продажбата на Corolla веќе е достигнување. За пример, Golf е 29 проценти во минус, Focus со трипати пониска продажба од германскиот компакт е во пад од 22 проценти, Renault Megane изгубил дури 41 проценти од ланската продажба.

„Минуси“ секако дека има и кај моделите на Toyota, меѓутоа не може да стане збор за недоволен интерес и мала побарувачка за тие модели, туку за последици од чип-кризата и од сите други кризи што ја погодуваат браншата. Дури и самиот Yaris се соочува со пад од 31 процент во споредба со продажбата лани. Уште еден моќен модел на европскиот пазар се држи одлично во овие историски времиња. RAV4 е петта најпродавана Toyota, со 47.042 примероци и минус од 16 проценти. Херојот на врвот на продажбата и натаму е C-HR, модел од којшто започнаа големите промени во Toyota. Кросоверот што уште изгледа свежо како од женевски автосалон е четврти најпродаван модел – со важна напомена, C-HR годинава се продава исто колку лани.

Добри вести доааѓат со Highlader, „американскиот“ модел на Toyota во Европа, којшто забележал раст од 25 проценти. Од егзотичните модели во понудата на јапонската марка, се забележува водородната Mirai со 260 продадени примероци до јуни.

Херојскиот Land Cruiser не смее да отсуствува кога се спомнува моделската понуда на Toyota. Со 3.111 продадени примероци, класичарот меѓу теренците со технологија на вселенски брод, напредувал за 25 проценти во продажбата.

Модел

Јуни ’22

Јан-Јун ’22

Јан-Јун ’21

YARIS 15216 76961 -31.00%
COROLLA 10866 69271 -5.00%
YARIS CROSS 10132 63918 new
C-HR 10618 59484 0.00%
RAV4 7652 47042 -16.00%
AYGO 9741 26822 -43.00%
PROACE VERSO 1176 6983 42.00%
PROACE CITY VERSO 626 5864 -24.00%
HIGHLANDER 615 3348 25.00%
CAMRY 262 3233 -26.00%
LAND CRUISER PRADO 755 3111 22.00%
PRIUS 132 830 -46.00%
BZ4X 622 685 new
SUPRA 66 379 -44.00%
MIRAI 51 260 -19.00%
PROACE 26 156 3.00%
GR86 17 63 385.00%

На пат со Toyota Yaris Cross: Имате забележано колку е убава Преспа зиме?

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Subaru Outback единствен го помина новиот американски краш-тест

За фановите на Alfa Romeo е нормално Giulia да биде Estrema