за

Уште една Toyota за работа ќе вози на струја

Toyota Proace City уште е свежо пристигната на пазарот, а веќе се најавува следната голема новина. Доставното возило ќе вози и на струја. Патничката изведба Verso исто така.

Брзо напредуваат промените во насока на електромобилноста кај доставните возила. Компаниите ја препознаваат можноста за драстично намалување на трошоците со погонот на струја. Toyota најавува електрични верзии од својот Proace, во товарната, но и во семејната изведба Verso.

Откако ги најави електричните изведби на големиот ван Proace, Toyota ќе го повтори чекорот и во полесната класа, во Proace City. Погонот ќе го сочинуваат литиум-јон батерија со капацитет од 50 kWh и електромотор со моќност од 100 kW, односно 136 КС.

Ванот стандардно ќе располага со сопствен полнач со моќност од 7,4 киловати. Како опција ќе се нуди трифазен полнач со моќност од 11 kW, за побрзо полнење на батеријата.

Гамата ќе се состои од стандардна и продолжена каросериска изведба, во доставна варијанта Van и во патничка варијанта Verso. На тој начин, Proace City ќе ги исполнува потребите и барањата за професионална примена, за превоз на товар или за превоз на патници, исто како што ќе им одговара и на семејствата што имаат потреба од многу простор и висока приспособливост.

Испораките на Toyota Proace City Electric ќе започнат во следната есен. Повеќе детали за возилата ќе следат в година.

>>> Toyota ProAce City со промо-старт од 13.135 евра

toyota proace city promo

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ducati Diavel 1260 Lamborghini

Овој мотоцикл Ducati е како Lamborghini на две тркала

Porsche вложува во огледало за вежбање

Porsche вложува во огледало за вежбање