за

Овој мотоцикл Ducati е како Lamborghini на две тркала

Ducati на крајот на декември ќе започне со испорака на специјално издание на моќниот крузер Diavel што ќе се изработи во ограничена серија.

Ducati Diavel 1260 Lamborghini

При развојот на Ducati Diavel 1260 Lamborghini, италијанските мотоциклисти се ориентираа според суперспортскиот Lamborghini Sian FKP 37. Специјалниот мотоцикл ќе се изработи во десетпати поголема серија од ексклузивниот болид од Сант Агата, но тоа пак е далеку од масовна продукција – само 630 примероци.

Двете марки под покривот на Audi стапија во необична соработка. Ducati 1260 Lamborghini е лакиран во истата боја од ексклузивниот тркач на Lamborghini што се води како „Gea Green“. Покрај бојата, заеднички обележја се обемната примена на карбон и кованите тркала со дизајн по пример на Sian.

Шестаголната издувна цевка и мотивот Y на седиштето се во знак на Siàn FKP 37. Рамката, заштитата долу и тркалата се украсени со „Electrum Gold“. Препознатливата црвена боја за Ducati е користена за сопирачките клешти Brembo. Без работни течности, мотоциклот со моќност од 162 КС тежи само 220 килограми, што е резултат од примената на карбон.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Бројот 63 што се наоѓа на мотоциклот има посебно значење за производителот на автомобили од Сант Агата Болоњезе. Фирмата е основана во 1963 година. Во чест на годината се ориентира и серијата од 630 примероци од Diavel Lamborghini. Заедно со плочката со бројот на мотоциклот во серијата, клиентите можат да нарачаат и ексклузивен шлем со графика што е во стил со мотоциклот. При вклучување на контактот, на TFT-дисплејот се појавуваат логоата од двете марки, заедно со силуетата на мотоциклот.

Цената што ја наведува Ducati за овој Lamborghini на две тркала изнесува 34.325 евра.

New photo by Automedia MK / Google Photos

>>> Ducati Multistrada V4 е прв мотоцикл со приспособлив темпомат

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Audi TT Bronze Selection

Audi TT и TTS во бронзено издание од Sport GmbH

Уште една Toyota за работа ќе вози на струја