за

Audi TT и TTS во бронзено издание од Sport GmbH

Audi во следната пролет ќе стартува со испорака на TT и TTS во специјалната серија „Bronze Selection“.

Audi TT Bronze Selection

Audi Sport GmbH ја подготви специјалната серија „Bronze Selection“ од TT и TTS. Како што упатува и името на серијата, нагласокот е ставен на детали во боја на бронза, а тонот го диктираат тркалата од 20 инчи, секако во заштитната боја на серијата.

Специјалните модели поседуваат тенок слој бронзена боја на основата на седиштата, на средишната конзола и на отворите за воздух. Спортските седишта со збогатени функции имаат штепови во контрастна бакарна боја.

Главниот момент е во тркалата од 20 инчи, со пет краци во форма на Y. Врз страничните прагови се забележуваат и четирите прстени на Audi, кои се изведени со фолија. Може да се избира меѓу три бои на каросеријата: Хронос сива, глечер бела или митос црна.

New item by Automedia MK / Google Photos

Audi Sport во серијата вградува богат пакет на екстра-ставки, кои заедно чинат помалку отколку при одделно нарачување на истите. TT и TTS Bronze Selection стандардно доаѓаат со диодни предни и задни светла, аудиофилско озвучување B&O, украсни панели во изведба алу-дрифт, како и збогатен кожен ентериер со штепови во бакарна боја.

Кај TT има по една голема издувна цевка со хромирана бленда од секоја страна, додека кај TTS вообичаено се користат две двојни издувни цевки. Решетката на предната маска кај TT е во сјајна црна боја, TTS користи изведба во титан црна мат боја.

Во германскиот ценовник, специјалната серија Bronze Selection чини 6.190 евра повеќе од стандардниот TT, односно 4.490 евра кај TTS.

New item by Automedia MK / Google Photos

>>> Фановите ќе лудуваат: Audi TT RS за 40 години quattro

Audi TT RS 40 Jahre quattro

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skoda Karoq доби дволитарски основен дизел со 115 КС

Skoda Karoq доби дволитарски основен дизел со 115 КС

Ducati Diavel 1260 Lamborghini

Овој мотоцикл Ducati е како Lamborghini на две тркала