за

Toyota ProAce City со промо-старт од 13.135 евра

Сигурност дека техниката нема да откаже и сигурност дека сервисната работилница ќе ја заврши работата правилно се пресудните фактори кај доставните возила. Македонската Toyota започна промотивна кампања за ProAce City.

toyota proace city promo

По офанзивата што направи стилскиот кросовер C-HR да стане „најстар“ модел во понудата на Toyota (по Aygo), најпродаваната јапонска марка на нашиот пазар им се посветува и на доставните возила. Toyota ProAce City во фургон изведба стартува од 13.135 евра, без ДДВ, со 1,5-литарски дизел со моќност од 75 КС и зафатнина на товарниот простор од 3,3 метри кубни.

Toyota има ас и во пазарниот дел што се однесува на товарните возила. Новата генерација на ProAce City неодамна го одбележа пристигнувањето на македонскиот пазар. За лесното доставно возило моментно важи промотивна кампања, со којашто понудата за ProAce City почнува од 13.135 евра, за изведбата со затворен товарен простор, со дизел од 1,5-литри со 75 КС, со дводелна задна врата и лизгачка врата од десната страна.

Toyota ProAce City е производ од соработката со францускиот PSA и во основата одговара со Peugeot Partner, Opel Combo и Citroen Berlingo. Тоа што ја издвојува јапонската марка во овој квартет секако е сервисната услуга и целата организациска поддршка што се дел од имиџот на марката. Гаранцијата важи 6 години или 200.000 километри, додека сервисниот интервал е предвиден на секои 20.000 километри или еднаш годишно.

Кај товарните возила не се купува „само“ возилото, туку со него следат и соодветна услуга и поддршка

Последниве два фактори им се клучни на компаниите, без разлика дали станува збор за занаетчиска работилница или фирма со голем возен парк, затоа што овие возила се работна алатка, што треба да функционира сигурно и да постои логистичка поддршка во случај да биде потребна техничка интервенција врз возилото надвор од предвидените интервали.

Toyota го нуди ProAce City со три изведби на моќност на 1,5-литарскиот дизел: Со 75, со 100 и со 130 КС. Според фабрика, потрошувачката на гориво изнесува 4,1 литри на сто километри. Резервоарот располага со зафатнина од 53 литри. Габаритите на каросеријата се 4,4 х 1,85 х 1,8 m. Товарниот простор во изведбата со стандардно меѓуоскино растојание изнесува 1,82 метар, висината е 1,2 метар, додека ширината меѓу поткрилата е 1,23 метар. Лизгачката врата е широка 1,07 метар, додека отворот за товарење назад е широк 1,2 метар. Тоа е доволно за 2 европалети. Корисната носивост изнесува 650 килограми, додека тежината на приколка може да достигне 1,5 тон.

Во верзијата на моторот со 100 КС е достапна и продолжена каросериска изведба, со 4,75 метри должина. Во тој случај, должината на товарниот простор расте на 2.167 литри, односно зафатината на товарниот простор расте за 600 литри, на вкупно 3,9 метри кубни. Носивоста на продолжената изведна изнесува 1.000 килограми. Трета варијанта е CrewCar, со дополнителен простор за три лица, со втора лизгачка врата и со подвижна преграда зад вториот ред седишта.

Лизгачка врата стандардно, клима уред во секој ProAce City

Системи за контрола на стабилноста и на притисокот во гумите веќе одамна се подразбираат во браншата, Toyota ProAce City во основната изведба доаѓа уште со осветлен товарен простор, клима уред, електрика на прозорци и на ретровизори, радио со команди на волан, таванска преграда, светло за читање и централна брава со далечинска команда.

Постои можност за избор на второ ниво на опрема Comfort, во кеошто следуваат уште темпомат, магленки, висинско местење на возачко седиште, двојно совозачко седиште со преклопување, тркала од 16 инчи , електрична паркирна сопирачка и уште низа слични ставки.

Toyota ја има во понуда и патничката изведба ProAce City Verso, каде што има дополнително и 1,2-литарски бензинец со 110 и 130 КС, како и можност за автоматски менувач и верзија со седум седишта.

https://www.toyota.com.mk/model/proace-city-van/

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

tesla cyber truck pretstavuvanje

Tesla стана дел од берзанскиот индекс S&P 500

Новиот мотор на Great Wall избран во кинескиот Топ 10

Новиот мотор на Great Wall избран во кинескиот Топ 10