за

Тојота работи на два нови електрични модели за Европа

Двата модели се дел од планот на Тојота, за шест целосно електрични модели во својата понудата во Европа по 2026 година.

Тојота кажа дека Урбан СУВ Концепт „дава јасен знак за тоа што ќе биде клучен носител на продажбата на марката во Европа“.

Тојота во првата половина од 2024 година ќе претстави компактен СУВ-модел со целосно електричен погон. Продажбата на новиот модел на европскиот пазар ќе стартува во втората половина од годината.

На компактниот СУВ во 2025 година ќе му се придружи целосно електричен кросовер од средната класа, со каросерија изведена во стил на купе.

Двата нови модели се дел од планот на Тојота, понудата од целосно електрични автомобили на матичната марка во Европа, по 2026 година да се состои од вкупно шест модели.

Тојота ги прикажа двата концепти што ги најавуваат новите електрични модели, на настанот за медиумите во Кеншики, што се одржува секоја година.

Урбан СУВ Концепт „дава јасен знак за тоа што ќе биде клучен носител на нашата продажба во Европа,“ кажа извршниот директор на Тојота во Европа, Јошихиро Наката.

Компактниот СУВ се развива заеднички со Сузуки и ќе се произведува во Индија, кажа извор упатен во плановите на компанијата за Аутомотив Њуз Европа.

Сузуки го прикажа концептот на компактен СУВ со ознака е-Ве-Икс на салонот во Делхи, во јануари годинава. Намерата е продажбата да започне во 2025 година.

Серискиот модел што ќе произлезе од е-Ве-Икс ќе располага со досег од 550 километри, обезбеден од батерија со големина од 60 киловатчасови, најави тогаш Сузуки. Тојота не потврди дека соработува со Сузуки на овој модел.

Купувачите ќе можат да изберат изведба со погон на сите тркала

Тојота откри дека сериската верзија на компактниот електричен СУВ ќе биде на располагање со две големини на батерија, како и со можност за нарачка на модел со погон на сите тркала. Јапонците имаат таква понуда и кај малечкиот Јарис Крос со хибриден погон.

Компактниот електричен модел на Тојота ќе се натпреварува со Опел Мока-е, Пежо е-2008, како и со изведбите со погон на струја од Џип Авенџер и Фиат 600.

Сериската верзија на автомобилот ќе го задржи динамичниот изглед на концептното возило, посочуваат од Тојота.

Концептот Тојота Спорт Кросовер е најава за кросовер-купето со целосно електричен погон од средна класа

 

„Тоа ќе биде оригинален СУВ со високо седење. Купувачите очекуваат Тојота да преземе храбри чекори,“ изјави за новинарите Андреа Карлучи, шеф за производи и маркетинг на Тојота во Европа.

Концептот е долг 4.300 милиметри, широк 1.820 и висок 1.620 милиметри, наведува Тојота.

Врска со БИД

Тојота го најави електричниот кросовер од средната класа со концептот Спорт Кросовер, што беше прикажан на салонот во Шангај, во април. Концептот е дизајниран од БИД Тојота ЕВ Технолоџи Компани, што е заедничка инвестиција меѓу Тојота и БИД во Кина.

Автомобилот ќе започне со продажба во Европа во 2025 година. Повеќе детали за моделот не се откриваат. Меѓу можните конкуренти се неодамна лансираниот Фолксваген ИД.7 и кинескиот БИД Сил.

Технички податоци, опременост и цени за Тојота би-Зи-Фор-Крос, во нашиот онлајн каталог за сите нови модели што се во понуда на на македонскиот пазар АВТОСАЛОН.МК

Toyota bZ4X 150 kW FWD (4×2) Comfort

Автомобилот е „подолг, поширок и понизок“ од тековниот би-Зи-Фор-Крос, модел од средната класа и во моментов единствен автомобил со целосно електричен погон на Тојота. Тоа во Брисел го кажа Наката. „Тој е наменет за тие што ставаат стил пред функционалност,“ најави европскиот шеф.

Карлучи дополнително наведе дека автомобилот ќе биде долг 4,9 метри.

Тојота лани го прикажа концептот би-Зи Компакт СУВ, што ќе биде меѓу шесте нови СУВ во понудата на Европа до 2026 година.

Би-Зи Компакт СУВ има куси каросериски превиси и потесна кабина, заради постигнување подобра аеродинамичност. Тој ќе преземе бројни дизајнерски елементи од актуелниот би-Зи-Фор-Крос.

Тојота најави дека до 2026 година ќе пушти во продажба уште два целосно електрични СУВ модели, без да наведе дополнителни детали.

Намерата е Тојота до 2026 година да ја зголеми продажбата на батериски електрични модели во Европа на 250.000 возила на годишно ниво. Тоа ќе сочинува повеќе од една петина од вкупната продажба на автомобили на Тојота.

Од актуелниот би-Зи-Фор-Крос, до октомври се продадени 14.240 примероци на европскиот пазар.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Фиат Панда на струја ќе се произведува во Србија, потврди претседателот Вучиќ

Сикст ќе ја протера Тесла од својот возен парк, премала е вредноста при препродажба