Големото изненадување од Suzuki во 2023 година доаѓа во форма на концепт на електричен СУВ во класата на Vitara и S-Cross. Концептниот автомобил eVX доживеа премиера денес на салонот Ауто Експо 2023 во Делхи, Индија.
Првиот новитет на Suzuki годинава е изложен на штандот на Maruti Suzuki, моќниот огранок на јапонската компанија во Индија. Серискиот модел што ќе произлезе од концептот eVX е осмислен како светски автомобил. Тој е прв во низата електрични модели на Suzuki.
Засега постои само претпоставка дека eVX користи иста платформа со идниот електричен модел на Toyota, помал од bZ4X. Податоците за концептниот автомобил се мошне скромни и познато е само дека возилото е долго 4,3 метри, широко 1,8 метар и високо 1,6 метар. Со батерија од 60 kWh се постигнува досег од 550 километри, според индиската норма MIDC.
Наспроти тоа е јасно посочено дека моделот ќе се испорачува ширум светот и дека продажбата ќе започне во 2025 година. Електричниот модел ќе им се придружи на Vitara и S-Cross, а верно на традицијата на Suzuki, сосем е реално да се очекува и изведба со погон на сите тркала.
View this post on Instagram
Дизајнот воведува новини во Suzuki, меѓу другото со светлата во форма на врв на стрела, додека во исто време се задржуваат препознатливи обележја на дизајнот на марката, како формата на целината што ја сочинуваат страничните прозорци.