
Српскиот претседател Александар Вучиќ очекува концернот Стелантис да ја произведува електричната Фиат Панда во фабриката во Крагуевац.
Вучиќ посочи дека производството на електричната Фиат Панда ќе биде силен поттик на трговската размена меѓу Италија и Србија, којашто во моментов достигнува вредност од 4,6 милијарди евра годишно.
Претседателот не наведе точен датум кога би почнало производството. Тој се обрати во неделата, по средбата со италијанската премиерка Џорџа Мелони.
Тековната генерација на Панда се прозиведува во фабриката на Фиат во близина на Неапол. Новиот модел се очекува да ја доживее својатга премиера кон средината на 2024 година.
Стелантис и српската влада во 2022 година потпишаа договор вреден 190 милиони евра, за електрични возила да се произведуваат во фабриката во Крагуевац. До пред извесно време, во српската фабрика се произведуваше Фиат 500 Л, компактен ван со стилски обележја на семејството „500“.
Извршниот директор на Фиат, Оливие Франсоа, во август најави дека во јули 2024 година ќе биде претставен електричен модел по пример на Панда.
Serbia’s Vucic says electric Fiat Panda model to be produced in Serbia https://t.co/hvikmgWQm7 pic.twitter.com/BWwdrj9gQe
— Reuters (@Reuters) December 3, 2023
Автомобилот без премногу техно и стилски оптоварувања ќе чини помалку од 25.000 евра. Извесен дел од компонентите во новата Панда се заеднички со новиот е-Ц3 од сестринската марка во Стелантис, Ситроен.
Dichiarazioni congiunte alla stampa con il Presidente della Repubblica di Serbia, @avucic. Seguiteci in diretta. https://t.co/2nrIKOsbr2
— Giorgia Meloni (@GiorgiaMeloni) December 3, 2023















