Сикст ќе ја протера Тесла од својот возен парк, премала е вредноста при препродажба

Сикст ги исклучува батериските електрични возила Тесла од својот возен парк за рентакар, поради тоа што големите попусти што Тесла ги направи во изминатава година влијаеја силно врз вредноста при препродажба на возилата од возниот парк на најголемата компанија за рентакар во Европа.

Поскапите трошоци за поправка на електричните автомобили на Тесла, во споредба со моделите со обичен погон, се надоврзуваат на проблемот што возилата не може да се препродадат по очекуваната цена. Тоа го наведува Сикст во пораката до своите клиенти, во којашто имаше увид Блумберг Њуз.

Компанијата сепак останува на намерата, за 90 проценти од својот возен парк во Европа, до завршетокот на деценијава, да го сочинуваат електрични автомобили, кажуваат од Сикст.

Агресивните попусти на Тесла извршија силен притисок врз производителите на електрични возила во светски рамки. Компанијата од САД бара начини да го задржи владеењето со пазарот на електрични возила, во време кога зајакнува конкуренцијата.

Херц Глобал Холдингс во октомври посочи дека ценовните попусти на Тесла довеле до тоа вредноста на возилата при нивна препродажба да се скуси за една третина. Тоа води кон голема загуба на компанијата.

Забавената побарувачка за електрични возила во изминативе неколку недели предизвика одреден број производители на автомобили да ги ублажат своите стратегии за преоѓање во ерата на електричниот погон.

Џенерал Моторс посочи дека ќе размислат повторно околу своите цели, откако се покажа дека побарувачката е под очекувањата. Концернот Фолксваген исто така ја скуси продукцијата на своите електрични автомобили во фабриките во Германија.

Претходна објаваТојота работи на два нови електрични модели за Европа
Следна објаваНовиот бизнис на Хуавеј со софтвер за автомобили се цени на 35 млрд. долари

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here