Од почетокот на продажбата на втората генерација на Toyota Mirai во март, во Германија се регистрирани 222 примероци од автомобилот што користи водород како погонско гориво.
Тоа може да се нарече бестселер. За шест месеци во Германија се регистрирани дури 222 примероци од автомобилот со најреткиот вид на погон што е во сериско производство во светот. Досега на германскиот пазар немало толку висок број на продадени примероци од водородниот автомобил на Toyota во толку кус временски период. Вклучувајќи ги примероците од првата генерација, во земјата се регистрирани вкупно 525 примероци од автомобилот.
Toyota Mirai во основата е електричен автомобил, со таа разлика што место тешка и скапа батерија користи резервоари со водород и посебен модул со горивни ќелии во коишто се врши хемиска реакција на водородот.
Водородниот автомобил на Toyota е во редовна продажба и достапен е за приватни лица, компании, како и за државни институции. Бидејќи Mirai се вбројува меѓу електричните автомобили, за него во Германија важи субвенција во висина од 7.500 евра. Компаниите можат да користат оперативен лизинг, со месечна рата од 399 евра, за период од 48 месеци и најмногу 10.000 километри месечно.
Полнењето водород трае само пет минути – доколку има станица за точење водород во близина
Најголемата предност на Toyota Mirai е полнењето на резервоарот за само пет минути, но тоа е во исто време и најголем недостаток, затоа што мрежата од станици што толат ворород е повеќе од скромна. Германија сепак вложува веќе подолго време во мрежата од станици за водород и може да се зборува за некаков степен на покриеност на земјата со водородна инфраструктура по главните сообраќајни жили.
Емисијата на штетни материи е нула. Од цевката назад капе единствено кондензирана, чиста вода. Зборот Mirai е јапонски и означува иднина. Лимузината долга пет метри во комфорот, во перформансите, возните својства и практичноста не се разликува од останатите лимузини во класата што имаат обичен погон.
Besuchen Sie uns am #h2b-Infostand zur @IAAmobility vor dem @baystmwi bis 12.9.! Infos zu #Wasserstoff + #H2 in der Mobilität sowie moderierte #Tankdemonstrationen an mobiler H2-Tankstelle + Probemitfahrten: 🚌Hyundai ELEC City Bus (13 h) und 🚘Toyota Mirai II (11 & 15 Uhr). pic.twitter.com/VoijUCYl1o
— Zentrum Wasserstoff.Bayern (H2.B) (@H2B_bayern) September 11, 2021