Наградата за најдобар пикап во светот за 2022/2023 година за Toyota Hilux доаѓа во време кога јапонскиот производител вложува многу во зајакнувањето на својата позиција на пазарот на доставни возила во Европа.
Toyota Hilux е прогласен за победник на 6-те Интернационални награди за пикап за 2022/2023 година. Наградата за пикапот од категоријата со средна носивост беше врачена во рамките на салонот Солутранс 2021 во Лион, Франција.
Првиот избор беше одржан во 2009 година и оттогаш „International Pick-up Award“ (IPUA) на секои две години му се доделува на најефикасниот пикап со носивост од еден тон, што е во понуда на пазарот. Според Џарлат Свини, претседател на жирито за избор за Светски ван на годината, којешто го организира изборот, коментира: „Како повеќенаменско возило што се произведува и се продава глобално, производите и пазарот продолжуваат да се развиваат, со голем број марки што поставуваат високи стандарди во поглед на перформансите, безбедноста и комфорот на возачот и на патниците.“
Најновото одликување за Hilux од експертите во жирито на Светски ван на годината се темели врз моќниот и култивиран погон, лесното управување и секако квалитетот, трајноста и издржливоста, но доаѓа и од привлечноста на пикапот на Toyota на растечкиот пазар од возила што одговараат за повеќе примени, како за рекреација, така и за градското секојдневие.
Новата генерација на Toyota Hilux користи 2,8-литарски дизел, што нуди поголема префинетост во работата и повисока моќност, со што пикапот се квалификуваше и во кругот на купувачи што не бараат само работно возило, туку имаат потреба и од способно возило за слободното време.
Првата генерација на Toyota Hilux се појави во продажба во Јапонија на 21-ви март 1968 година, а веќе во следната година пикапот беше понуден и на европскиот пазар. Оттогаш, Hilux се вбројува меѓу најуспешните модели на Toyota
Пикапот на Toyota ги има докажано своите способности со освојуањето на Северниот Пол, на вулканите во Исланд и на Антарктикот, а честопати постигнувал подиумски финиш на Дакар Рели.
Hilux моментно се произведува во шест земји и се продава во 180 држави и региони ширум светот. Со повеќе од 18 милиони продадени примероци светот, тој е еден од најомилените пикапи на планетата.
















