за

Toyota прва пријави враќање во нормално производство

Првпат по седум месеци, сите 14 фабрики на Toyota во Јапонија и сите 28 производствени линии во нив, ќе работат со нормален капацитет.

Toyota беше еден од ретките, ако не и единствен производител, што точно објавуваше во кои денови и во кои смени ќе мируваат нејзините производствени капацитети, поради хроничниот недостиг од полупроводници, што ја погоди целата бранша. Повеќе нема мирување, повторно се работи под полна пареа.

Тоа што Toyota го прикажа пред светот во време на криза, прво во кризата предизвикана од пандемијата, а потоа и во кризата од недостигот на полупроводници за автомобилските фабрики, претставува најдобар свеж пример за корпоративна култура. Јапонскиот гигант во претходните неколку месеци објавуваше јасно и прегледно, кои фабрики во кои денови и во кои смени ќе бидат ставени во мирување, поради недостигот од полупроводници, односно микрочипови.

Тојота Сити во петокот објави, дека сите 14 фабрики на корпорацијата Toyota во Јапонија и сите 28 производствени ленти на коишто се изработуваат автомобили и компоненти за нив, повторно работат со полниот капацитет. Корпорацијата предводена од Акио Тојода, им искажа благодарност на сите страни што дадоа безрезервна поддршка, со цел Toyota повторно да работи со полниот капацитет.

Во декември, фабриките на Toyota во Јапонија се очекува да достигнат 800.000 произведени возила. Toyota останува на предвидените 9 милиони произведени возила за тековната фискална година. Лани во декември, продукцијата достигна 760.000 возила.

>>> Toyota повторно е најголем производител на автомобили во светот

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Кригла пиво е многу за возење електричен тротинет

„Златен Волан“ за Porsche, Audi, Škoda и Cupra