Кригла пиво е многу за возење електричен тротинет

Учесниците во една студија спроведена во Германија, прво пиеја алкохол, а потоа се качуваа да возат електричен тротинет. Проблемите при совладувањето на тест-патеката почнуваа уште рано. Експертите предупредуваат.

Резулатите од студијата спроведена од Институтите за судска медицина во Диселдорф и Минхен покажа дека дури и релативно мала количина алкохол значително влијае врз способноста за управување електричен тротинет.

Дури и професорите се изненадени од тоа што веќе при 0,3 промили алкохол во крвта се преполовува способноста за управување. Таа останува приближно на истото ниво до 0,7 промили во крвта, односно способноста е намалена на половина во споредба со управување при целосно отсуство на алкохол во крвта.

Како што понатаму се зголемуваат промилите, така опаѓа способноста за управување. При 1,3 промил, човек располага со само една четвртина (25%) од способноста што ја има доколку воопшто нема конзумирано алкохол. На вредност од 1,5 промил, таа опаѓа на само 10%, значи способноста е десетпати послаба отколку при целосна трезвеност.

Врз вредноста на промилите влијаат најразлични фактори, како возраст, телесна тежина и корпулентност, но и полот. По половина литар пиво, просечно висок маж обично има 0,3 промили алкохол во крвта. Кај дамите по правило е повисока алкохолизираноста при истата количина пиво.

За студијата беше изведена патека што учесниците прво ја поминуваа во целосно трезна состојба, а потоа со сé поголема количина алкохол во крвта. Тестирањето траеше во четири различни денови, при дожд и при суво време.

Возењето електричен тротинет бара добра рамнотежа

Зошто негативното влијание на алкохолот се покажува во толку голема мера при возењето електричен тротинет? Се верува дека причината е во неопходноста да се одржува беспрекорна рамнотежа при возењето тротинет.

Четирипати поголем број повредени лица отколку кај велосипедистите

https://youtu.be/Z3A6CNku5LM

Научниците се посветуваат на проблематиката затоа што во една претходна студија на германскиот центар за аеро и астронаутика се покажа дека на секои еден милион поминати километри, возачите на електрични тротинети здобиваат повреди четирипати почесто отколку велосипедистите и шестпати почесто отколку пешаците. Во исто време, германската Статистика пријавила дека лани во 18,3 проценти од незгодите со електрични тротинети, причина за незгодата била алкохолизираност, главно меѓу помладите возачи.

>>> Девет електрични тротинети на тест во АДАК

Претходна објаваKia најавува возбудлив изглед на идниот електричен СУВ
Следна објаваToyota прва пријави враќање во нормално производство

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here