Kia најавува возбудлив изглед на идниот електричен СУВ

Електричниот кросовер Kia EV6 веќе е дел од редовната понудa. Корејците сега покажуваат како ќе изгледа крајниот чекор од развојот на целото семејство електрични модели на Kia, преку големиот СУВ со ознака EV9.

Новите Sorento и Sportage ѝ донесоа нов дизајн на Kia, а сега Concept EV9 покажува дека од тој дизајн ќе има уште многу што да се види во следните години. На салонот во Лос Анџелес (од 19-ти до 28-ми ноември), Kia ќе покаже концепт на електричен СУВ-модел со ознака EV9. Сериската верзија на моделот може да се очекува на пазарот најдоцна во 2026 година. Корејскиот производител за тогаш планира да има дури единаесет модели со погон на струија во својата понуда.

Concept EV9 допнесува свеж изглед во секој дел од каросеријата. Хаубата е рамна, со правилна форма на правоаголник со заоблени рабови со голем радиус, крилата се нагласени и исто така се сочинети од правилни форми, линијата на страничните прозорци продолжѓува строго до опашот, за да заврши со линија што води косо до спојлерот во покривот.

Покривот е речиси целосно застаклен и рамен, тенките задни светла се разгрануваат во три правци, а одлично освежување е тоа што предните светла го прекинуваат трендот на минимализација, па се враќаат на „природна“ големина, сочинети од по четириесетина светлечки диоди.

Правилни и чисти форми, прави линии и јасни споеви го сочинуваат впчатливиот изглед на Kia Concept EV9

https://photos.app.goo.gl/D34JRHYarME69EsG6

https://photos.app.goo.gl/MjysgF5fiKhecS896

Тигарскиот нос, како што се нарекува традиционалната форма на маската на Kia, исто така е задржана во напредниот дизајн на EV9. Функцијата на дневни светла ја презема долга светлечка лента што се прекршува двапати. Тркалата секако дека имаат дизајн што е во согласност со целината, едноставен, прецизен, техно.

https://photos.app.goo.gl/9LkYuyGLWKCDggpr7

https://photos.app.goo.gl/oopXMUnt5Q3CDuCL7

Луксузниот ентериер на возилата во иднината е минималистички, со широк дисплеј што зафаќа две третини од ширината на кокпитот, со волан со форма што повеќе е правоаглеста отколку кружна. Во масивниот, но пак елегантен средишен гребен, што изгледа како да го носи големиот дисплеј, изведена е површина со невидливи сензорски полиња што служат како „прекинувачи“ за ракување со менито во дисплејот.

Во 2026 година, малку од тоа што сега е футуристичко во Concept EV6 ќе остане футуристичко. Поголемиот дел од тоа што Kia го најавува со овој студиски автомобил е сосем реално да се очекува и во серискиот автомобил.

До стартот на EV9, сепак ќе гледаме уште бројни премиери на електрични автомобили, што ќе се базираат врз посебна платформа, што нема да се дели со моделите со мотори со внатрешно согорување. Броењето почнува од EV1, има уште многу до EV9.

>>> Алберт Бирман, таткото на Kia EV6: „Времето никого не чека“

 

Претходна објаваПретседателот Макрон заслужи специјален DS
Следна објаваКригла пиво е многу за возење електричен тротинет

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here