за

Претседателот Макрон заслужи специјален DS

Од прогласувањето на Петтата Република, седуммина француски претседатели користеле автомобил под знакот на DS.

DS 7 Crossback во посебна изведба со име Elysee се приклучи во возниот парк на францускиот претседател Емануел Макрон. Возилото навистина се приклучи: Кросоверот има приклучен хибриден погон, има и продолжена каросерија за 20 сантиметри.

Изработен во еден и единствен примерок, DS 7 Crossback Elysee го користи како основа DS 7 Crossback E-Tense 4×4 300, но има балистичка заштита, продолжено меѓусокино растојание и специјална опрема.

DS 7 Crossback Elysee се придружува на долгата низа модели DS што биле изработени за францускиот претседател. Од прогласувањето на Петтата Република, седуммина претседатели користеле DS, SM, DS 5 и DS 7 Crossback. При стапувањето на должност во 2017 година, Емануел Макрон замина за Елисејските Полиња во DS 7 Crossback Presidentiel. Новата верзија на DS 7 Crossback располага со приклучен хибриден погон со системска моќност од 300 КС, со погон на сите тркала и каросерија во боја на мастило.

Посебно за Претседателот, DS 7 Crossback Elysee е изработен со меѓуоскино растојание што е за 20 сантиметри подолго од стандардната изведба. Тоа овозможи задниот дел од возилото да се изведе како работна канцеларија. Просторот за колена достига 545 милиметри. Таванот е обложен со алкантара.

Напред на возилото се забележуваат сино/црвени сигнални светла, отстранливи држачи за знаме, грб „RF“ на маската, на предните врати и на задниот поклопец. Тркалата од 20 инчи имаат ексклузивен дизајн. Се забележува и антената за телекомуникацискиот систем. Должината е 4,79 метри, со меѓуоскино растојание продолжено на 2,94 метри.

Возилото официјално беше пуштено во служба на 11-ти ноември, за 103-годишнината од Денот на примирјето, што претставува завршеток на Првата светска војна.

>>> Citroen C3 Aircross ја има вградено авантурата: По стариот пат од Велес за Прилеп

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

GAZelle за професионално штедење: Камиони со погон на метан

Kia најавува возбудлив изглед на идниот електричен СУВ