GAZelle за професионално штедење: Камиони со погон на метан

На десеттиот меѓународен форум за гас во Санкт Петерсбург, руската групација GAZ одржа промоција на два нови модели на товарни возила, што како погонско гориво користат компримиран природен гас, односно метан.

Горковскиј Автомобилни Завод, водечки производител на товарни возила со погон на гас во Русија, претстави моделска изведба од новата генерација на GAZelle NN што користи метан. Според производителот што е глобално познат по историските Волга и Чајка, доставното возило GAZelle NN CNG соединува комфор, безбедност и функционалност, со намалени трошоци за гориво и со поголема грижа за животната средина.

Боцата за метан во фургонската изведба на GAZelle NN располага со зафатнина од 26 кубни метри метан, односно истата достигнува 42 кубни метри метан во изведбата со отворена товарна платформа. Досегот изнесува најмногу 750 километри, од кои до 300 километри може да се поминат со погон на метан.

Моторот EvoTech 3.0 претрпе десетина измени во споредба со претходникот. Заедно со  моќноста, значително е зголемен вртежниот момент, што е клучен фактор кај товарните возила. Меѓу главните зафати се следните: Блок од сив лив, место алуминиум, ново коленасто вратило и ново брегато вратило, нова глава на моторот, нови клипови и посебна бобина за секој цилиндар.

Со воведувањето на систем за ладење на клиповите со масло, намалено е загревањето на клиповите, што прави моторите да одговараат и во региони со топла клима. Тоа им отвора нови извозни пазари на Русите.

Потрошувачката на метан во возилата во Русија се зголемила од 360 милиони метри кубни во 2011 година, на 1.160 милиони метри кубни лани

Вториот модел е камион со вкупна тежина до 10 тони, Gazon Next CNG, кој се придружува во богатата понуда од камиони и автобуси на GAZ Group, кои користат метан како погонско гориво. Камионот се испорачува како основна шасија, на којашто се поставуваат најразлични надградби.

Боците за гас се поставени исправено, веднаш зад кабината. На тој начин се постигнува максимална должина на просторот за надградба. GAZ нуди надградби на кран, кипер, дампер, камион за собирање отпад, возила за одржување патишта и уште голем број варијанти. Моторот е JAMZ-534 CNG, со максимална моќност од 170 КС и вртежен момент од 600 Nm.

Метанот е најисплатливо гориво што е наменето за товарни возила, со трошоци за гориво што пониски за 40 до 60% во споредба со бензински или дизел мотор. Опремата за гас што се вградува во возилата на GAZ двојно го надминува предвидениот век на експлоатација на самото возило, што е своевиден доказ за безбедноста на техниката. Емисијата на штетни материи се намалува десетпати.

Новата генерација доставни возила GAZelle NN е достапна и на македонскиот пазар, преку директниот увозник АБЦ Бротхер.

https://twitter.com/GAZautomobiles/status/1458364196257734660?s=20

>>> GAZelle се вмешува во време кога пазарот бара комбе повеќе

Претходна објаваPiaggio и BP работат на мрежа за замена на празни батерии со полни
Следна објаваПретседателот Макрон заслужи специјален DS

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here