за

Piaggio и BP работат на мрежа за замена на празни батерии со полни

Во светот постојат 250 милиони скутери и мали камиони на струја. Peugeot и BP сакаат да дадат уште поголем поттик за електромобилноста во ова подрачје.

Piaggio Group и BP подготвуваат масовна застапеност на станици во коишто ќе се врши за замена на испразнетите батерии на електричните возила со полни. На тој начин ќе му се даде дополнителен поттик на растечкиот тренд кај електричните скутери и камионети. Европа исто така е во план, покрај Индија и Азија.

Овие бројки сигурно ќе ги израдуваат ентузјастите на електричниот погон: Дури 44% од продажбата на скутери, тротинети и мали камиони, ја сочинуваат модели со електричен погон. Тоа е најелектрифицираната категорија возила во светски рамки. Уште поимпресивен е следниот податок: Една четвртина, односно 25% од сите скутери, тротинети и мали камиони што моментно се возат низ светот, се електрични. Станува збор за околу 250 милиони возила.

Се претпоставува дека до 2040 година, електричните модели ќе учествуваат со дури 80% во продажбата на возила во оваа категорија. Нивниот вкупен број тогаш би изнесувал 750 милиони возила, трипати повеќе од денес.

Piaggio, со својата широка мрежа за производство на електрични возила во светот и со искуството во организирањето на инфрастуктура, во соработка со BP, со врвна експертиза и со глобално присуство, ќе излезат во пресрет на растечката примена на електрични возила со две и со три тркала. Целта е да се намалат метежот и загадувањето во градовите.

Piaggio Group е светски лидер во електрификацијата во категоријата на возила со две и три тркала

Соработката подразбира развој на мрежа од станици во коишто ќе може испразнетата батерија од возилото да се замени со нова. Тоа ќе се врши со неколку едноставни потези и ќе трае многу кусо. Секако, Piaggio и BP ќе работат и на промоција на оваа идеја за замена на батеријата, за и останатите компании да понудат таква можност во своите возила.

Во рамките на соработката, Piaggio Group и bp, преку својата подружница Jio-bp во Индија, ќе работат на изградба на станици за полнење и за замена на батериите. Паралелно ќе се развиваат и услуги за измајмување, поправка и рециклирање на батериите, како и за измајмување, поправка и сервисирање на возилата, заедно со апликации за користење во возачкото секојдневие. Двете компании веќе имаат започнато соработка во Индија. Планот е таа понатаму да се шири во Азија, главно во Кина, Индонезија и Виетнам, но и во Европа.

BP (British Petrol) планира до 2030 година да располага со мрежа од 70.000 станици за полнење во својата глобална мрежа. Piaggio Group е пионер во електромобилноста во подрачјето на возила со две и со три тркала, кој нуди електрични возила уште од средината на 1970-те години, од времето на светската нафтена криза.

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Автобусите на Mercedes добиваат поглед озгора

GAZelle за професионално штедење: Камиони со погон на метан