за

GAZelle се вмешува во време кога пазарот бара комбе повеќе

Новата генерација на руското доставно возило GAZelle му донесе голем пораст во продажбата на производителот на некогашната Volga.

Горковскиј Автомобилниј Завод е во Топ 10 производители на возила во Русија во септември. GAZ во преодниот месец од лето во есен продал 5.199 примероци на домашниот пазар, што е за 16,8% повеќе од истиот месец лани. Голема заслуга за тоа има и новата генерација на GAZelle NN.

Автомобилската индустрија го доживува најбурните години во историјата, коишто се предизвикани од бројни фактори, почнувајќи од пандемијата и преоѓањето од класичен на електричен погон, до недостигот од полупроводници. Од друга страна, онлајн-продажбата и потребата за производите нарачани од домашната фотелја или од работното биро, да се достават до клиентот, услови голем пораст во продажбата на доставни возила.

Секако дека тесното грло во снабдувањето со полупроводници, односно чипови, ги погодува и производителите на товарни возила. Но, во исто време се отвори и шанса за автомобилските компании, на коишто воведувањето на новите и радикално сменети генерации возила им се погоди во овие вонредни времиња. GAZ, моќна руска компанија што е водечка на домашниот пазар на товарни возила, може да се вброи меѓу компаниите, што кризата ги направи да бидат појаки.

GAZ, производител на прочуените историски автомобили Волга и Чајка, а ништо помалку познат и по теренските камиони во служба на бројни војски ширум светот, во септември бил осми најголем производител на возила во Русија. Прва е Lada со 17.189 продадени возила, со голем пад од 51,3% во продажбата, со минимална предност пред Kia со 17.037 возила и со поблаг пад со 16,2%, следат Hyundai, Toyota, VW, Renault и  Skoda, па потоа e GAZ, производител на товарни возила што се вмешува меѓу најголемите производители на патнички автомобили во земјата.

Единствено GAZ и Toyota бележат зголемена продажба во рускиот Топ 10

За споредба, Ford од своите товарни возила продал само 2.003 примероци во септември, но и постигнал раст од 27,7%, што е уште една потврда дека рускиот пазар има зголемена побарувачка од доставни возила. Во рускиот Топ 10, единствено Toyota (+18,2%) и GAZ имале раст во септември.

New item by Automedia MK / Google Photos

Во производствената статистика за целиот руски пазар, којашто досега ги има обработено податоците само за првото полугодие, исто така се бележи раст во производството на лесни товарни возила, односно доставни возила, главно фургони. До крајот на јуни, Русија произвела 58.123 доставни возила (+46%), наспроти 39.773 возила во годината на пандемискиот бум и 52.002 возила во 2019 година.

Новиот Gazelle NN веќе стартуваше со продажба во Македонија, преку директен увозник од руската фабрика

GAZelle е носечкиот модел во продажбата на Горковскиј Автомобилниј Завод, производителот од Нижниј Новгород. Една мала разлика во ознаката прави голема разлика во работното секојдневие на GAZelle. Од мај годинава, во фабриката на GAZ се произведува новата генерација на познатиот товарен модел на Русите, GAZelle NN. Кратенката NN може да се толкува како New Next, затоа што претходникот се водеше кaко Gazelle Next, но исто значи и Нижниј Новгород, градот од којшто доаѓа моделот.

New item by Automedia MK / Google Photos

Новата генерација на моделот направи голем напредок и практично е рамо до рамо со актуелниот Ford Transit и останатите познати модели на пазарот на товарни возила. Најголемата новина е воведувањето дизел мотор 2.0 TDI, јасно мотор на Volkswagen, со моќност од 136 КС и значително намалена потрошувачка во споредба со претходните мотори од VM. Моторите исполнуваат норма Euro-6 D, што гарантира дека GAZelle NN уште долго време ќе може да си ја обавува задачата во возните паркови на компаниите.

Основни технички податоци за GAZelle NN во фургонска изведба со стандардно меѓуоскино растојание и мотор Volkswagen 2.0 TDI

Марка и модел GAZ GAZelle NN
Мотор EA189 2.0 TDI
Моќност 136 КС @ 3500 min-1
Вртежен момент 340 Nm @ 2000 – 3500 min-1
Еко класа Euro-6 D
ПРЕНОС
Менувач Мануелен, 6 степени
Водење на предна оска Независно, пружини, две водилки, два телескопски амортизери, стабилизатор
Водење на задна оска Зависно, надолжни полу елипсовидни пружини, два телескопски амортизери, стабилизатор (опција)
Управување Серво
СОПИРАЧКИ Двокружен систем со ABS и вакуумски засилувач
Паркирна сопирачка Механичка, со сајла за сопирачки механизам за задните тркала
Предни сопирачки Диск
Задни сопирачки Барабан / Диск ако има ESP
СЕДИШТА
Патници 2 патници + возач
Врати на фургон 2 крилести + 1 лизгачка врата
Воздушни перници За возач
ДИМЕНЗИИ
Должина 5632 mm
Ширина 2536 mm
Висина 2735 mm
Меѓуоскино растојание 3145 mm
Висина на товарење 730 mm
Димензии на товарен простор должина / ширина / висина 3031 / 1860 / 1927 mm
Зафатнина 11,5 m3
Дозволена вкупна тежина 3500 kg
Празно возило 2465 kg
Возни својства
Вид на погон 4 х 2 (назад)
Агол на пристап / излез, степени 22 / 16
Нагорнина 26%
Растојание од подлога (под задна оска, при дозволена тежина) 170 mm
Круг на вртење, радиус, мерено на тркала 5,7 m
Брзина 130 km/h
Потрошувачка со 60 km/h 8,1 L/100 km
Потрошувачка со 80 km/h 9,7 L/100 km
Резервоар 80 L
Тркала
Гуми 185/75R16C
Тркала 5.5Јx16H2

Руските инженери работеа и на подобрување на возните својства, како и на комфорот за возачот, за да се спречи заморот да влијае врз ефикасноста во обавувањето на работните задачи. Работено е многу и на издржливоста и трајноста на возилото, меѓу другото и со темелна заштита од корозија. За тоа колку техниката на GAZ е издржлива, говори доволно тоа што тркачките тимови на фабриката редовно победуваат на рели натпреварите со теренски возила ширум Русија.

Во меѓувреме е претставена и изведба на болничко возило со пневматска амортизација

New item by Automedia MK / Google Photos

Гамата се состои од осум каросериски изведби со моторот Volkswagen 2.0 TDI со 136 КС / 340 Nm и четири каросериски изведби со мотор Cummins од 2,8 литри со 170 КС / 360 Nm. Класичниот фургон е достапен во две варијанти на меѓуоскино растојание, со 3.145 и 3.745 mm. Во верзијата со 2.0 TDI, носивоста изнесува 1.035 килограми. Димензиите на товарниот простор се 3031/1860/1927 mm, зафатнината изнесува 11,5 метри кубни.

Фургонот во верзијата со продолжено меѓуоскино растојание располага со зафатнина од 13,5 метри кубни, и соодветно со димензии на товарниот простор 3631/1860/1927 mm. Носивоста е 900 килограми. За оваа верзија може да се избере 2,8-литарски Cummins. Најголемата нагорнина што може да ја совлада GAZelle NN во оваа изведба е 26 проценти. Растојанието од подлогата е 170 mm мерено под задната оска и под полно оптоварување. Заедно со аглите на пристап и излез од 22, односно 16 степени, тоа укажува на руското потекло на ова возило. Кусо, GAZelle ќе мине секаде.

New item by Automedia MK / Google Photos

Втора варијанта е класичен камион со отворена товарна платформа, со нормално или продолжено меѓуоскино растојание, со единечна кабина или со двојна кабина и места за 6+1 патници. Најголемата носивост секако е во кусата изведба со единечна кабина, без надградба, со вредност од 1.705 килограми. Може да се избира меѓу три варијанти: Само шасија, челична платформа или алуминиумска платформа. Димензиите на последнава се 3113/2105/388 mm. Доколку клиентот се реши за моторот Cummins, може да избира меѓу изведби со единечна или двојна кабина со продолжено меѓускино растојание.

Гамата ја комплетира комби-изведбата со 6+1 седишта, во двете варијанти на меѓуоскино растојание. Товарниот простор има димензии 2400/1860/1927 mm, односно 3000/1860/1927 mm во продолжената варијанта.

Македонскиот увозник АБЦ Бротхер веќе започна со испорака на новиот GAZelle NN, очекуваме и тест возење во видно време.

New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos

>>> Кон страницата за моделот · https://gazelle-nn.gazglobal.com/mk/

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Toyota му додаде фактор X на новиот Aygo

Може ли електричните автомобили да останат со празен акумулатор?