Toyota повторно е најголем производител на автомобили во светот

Toyota Hilux

Јапонскиот автомобилски примус Toyota, по пет години повторно е на врвот, престигнувајќи го својот ривал Volkswagen.

Како што утрово соопшти јапонскиот шампион во браншата, групацијата во којашто спаѓаат и специјалистот за мали автомобили Datihatsu производителот на товарни возила Hino Motors, во минатата година продал 9,53 милиони автомобили ширум светот. Тоа претставува пад од 11,3 проценти во споредба со преклани. Секако дека и Toyota беше изложена на влијанијата од корона-пандемијата, но нејзината продажба претрпе помалку отколку продажбата на останатите производители. Со заживувањето на важните автомобилски пазари Кина и САД, Toyota повторно вози угоре. Од октомври, продажбата на возила растеше три месеци во низа.

Ова е прв пад во продажбата на Toyota во последните пет години, откако продажните бројки забележија голем пад во кварталот меѓу април и јуни, како последица од корона-кризата. Ривалот Volkswagen лани се соочи со пад во продажбата од 15,3 проценти и 9,31 милиони продадени возила.

Покрај зајакнувањето на пазарите во Кина и во САД од есеноска, за продажбата на групацијата Toyota во минатата година да се задржи на солидно ниво, во споредба со останатите производители, придонесе и серијата нови модели. Toyota лани продала 2,16 милиони возила во Јапонија и 7,37 милиони возила на прекуокеанските пазари.

>>> Toyota целосно ја презеде фабриката за Aygo во Чешка

Претходна објаваKia во последниот квартал лани продавала исто како пред кризата
Следна објаваHyundai Tucson N Line со спортска нота и мотори до 265 КС

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here