Со влегувањето во новата година, фабриката што Toyota заеднички со групацијата PSA ја изгради во 2002 година, целосно премина во сопственост на европскиот огранок на Toyota. Производствените погони веќе се приспособени за новата глобална платформа TNGA, во фабриката дополнително ќе се произведуваат Yaris и Yaris Cross.
Новото име „Toyota Motor Manufacturing Czech Republic“ (TMMCZ) беше прославено на церемонија во присуство на Кореацу Аоки, претседател на фабриката, Мартин Пелешка, директор на Toyota во чешка и Михаел Кашпар, градоначалник на Колин. На фабриката е поставено новото лого на фирмата и целиот производствен капацитет ги носи боите и обележјата на Toyota.
Во чешката фабрика во 2005 година започна производството на моделите од А-сегментот Toyota Aygo, Peugeot 108 и Citroën C1. Производството на тековните модели ќе продолжи под режија на TMMCZ. Возилата се одликуваат со висока издржливост и со ниска потрошувачка на гориво, односно ниска емисија. Колин со овие автомобили се вбројува меѓу најголемите компании извознички во Чешка. TMMCZ вработиува над 3.500 лица и со тоа е најголем работодавец во регионот. За една и пол деценија, фабриката покрај тоа што отвори илјадници работни места, учествуваше и во бројни проекти од општествена корист.
Toyota вложи повеќе од 4 милијарди круни (околу 150 милиони евра) во проширувањето и осовременувањето на на капацитетите. Голем дел од вложувањето беше во воведувањето на новата глобална архитектура TNGA во Колин. Со тоа се овозможи, од втората половина на годината Чешка дополнително да се вклучи во производството на популарниот Yaris, особено со цел за зголемување на продукцијата на хибридната изведба, заради задоволување на традиционално високата побарувачка за овој модел.
>>> Со Toyota Yaris Hybrid во Велес, градот на поетите и гемиџиите

















