Kia во последниот квартал лани продавала исто како пред кризата

Kia во последниот квартал лани продавала исто како пред кризата

Kia во периодот од октомври до декември лани постигнала промет од 12,6 милијарди евра (+5%), додека оперативната заработка е 7,6 проценти. За годинава се очекува продажба од 2,92 милиони возила, што е за 12,1% повеќе од лани.

Корејскиот производител ги објави деловните резултати од последниот квартал лани, пријавувајќи за 5 проценти зголемен промет во споредба со истиот период во 20 година, односно 16,91 трилиони корејски вони (ca. 12,6 милијарди евра). Во периодот октомври-декември лани, Kia продала 742.695 возила на светскиот пазар, само 38 автомобили помалку отколку преклани.

Продажбата на домашниот пазар забележала мал пад од 6,2 проценти, на 137.389 возила, што се должи на последиците од долготрајната корона-криза. Наспроти тоа, извозот се зголемил за 1,2 процент на 605.306 возила, со силен раст во САД и значаен напредок во Индија.

Оперативниот профит се зголемил за повеќе од двојно, на 1,28 трилион вони (954,9 милиони евра), додека оперативната заработка изнесува 7,6 проценти. Чистата заработка пораснала на 976,8 милијарди вони (ca. 729 милиони евра) или за +182% во споредба со истиот период во ’19.

Kia Sorento со награда за СУВ на годината од What Car

Одличните резултати се должат на подобрениот микс од модели на светскиот пазар и од постојаниот успех на СУВ-моделите со висока маргина, како Telluride, Seltos и Sorento, или семејниот ван Carnival. Моделите од сегментот што Kia го води како RV (возила за рекреација) учествуваат со 58,7 проценти во светската продажба, што е историски рекорд за марката и воедно рекорден раст на профитот.

За цела година, прометот пораснал за 1,8% на 59,17 трилиони вони (44,1 млрд. евра), додека оперативната заработка напредувала за 2,8 проценти на 2,1 трилиони вони (1,56 млрд. евра). Чистиот профит е зголемен за 17,7%, на вкупно 1,5 трилиони вони или 1,12 милијарда евра.

Kia лани постигнала за 7,6% зголемена продажба на возила (2,61 милион), од кои 552.400 возила во Кореја и 2,05 милиони возила на светскиот пазар.

Целта за 2021 година се 2,92 милиони возила, за 12,1% повеќе во споредба со лани. За Кореја се предвидуваат 535.000 возила, за светот 2,39 милиони возила. Обновата на моделската понуда продолжува, претстои лансирање на првиот електричен модел на Kia што се базира врз сопствена платформа, односно не ја дели истата со моделски варијанти со обичен погон.

>>> Електричниот кросовер на Kia ќе полни батерија за 15 минути

Претходна објаваFord ќе донесе електрични тротинети „на далечинско“ во Европа
Следна објаваToyota повторно е најголем производител на автомобили во светот

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here