Ford ќе донесе електрични тротинети „на далечинско“ во Европа

Електричните тротинети со три тркала на Ford буквално ќе пристигаат сами до корисниците. Компанијата Spin годинава ќе ги пушти своите далечински управувани електрични скутери низ градови во Северна Америка и Европа.

Spin, компанија за микромобилност на Ford, денес објави соработка со софтверската компанија Tortoise, со цел далечински управуваните електрични скутери Spin S-200 да пристигнат во градови во Северна Америка и Европа во текот на оваа и во следната година. Посебна софтверска платформа на Tortoise овозможува далечинско управување со возниот парк на Spin и автоматско препаркирање на тротинетите од тротоарите и улиците за само неколку секунди. Камерите што се вградени напред и назад на S-200 ќе овозможат тротинетите преку далечинска контрола да поминат неколку квартови за да пристигнат на местото што го посочил корисникот.

Првиот континтент од 300 тротинети S-200 ќе се пушти пролетва во градот Бојси, во американската сојузна држава Ајдахо. Тротинетите со три тркала се постабилни и подобро издржуваат лош пат, поради подобрената суспензија. Три сопирачки системи ќе гарантираат и врвна безбедност, заедно со трепкачи на воланот и покрај задното тркало.

По користењето, тимот за далечинска контрола може да го премести тротинетот, со ниска брзина до 5 километри на час, доколку тој го попречува патот. Истото важи и во случај ако тротинетот се остави на место што е подалеку од прометните места. Во текот на годинава ќе стартува и можноста за резевирање на тротинетите однапред и на точно посочено место. При слаба батерија, тимот исто така ќе може да го премести S-200 до полнач.

Spin ќе ги разгледува можите следни градови во Северна Америка и Европа во коишто ќе ја понуди својата услуга со далечински управувани тротинети. S-200 е развиен во соработка со Segway-Ninebot и опремен е со компјутерска визија, машинско учење и роботска технологија, вклучувајќи напреден визуелен систем за навигација.

 

Претходна објаваVredestein пушти нова генерација летни гуми Ultrac
Следна објаваKia во последниот квартал лани продавала исто како пред кризата

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here