Vredestein пушти нова генерација летни гуми Ultrac

Vredestein пушти нова генерација летни гуми Ultrac

Намален отпор при тркалање, а со тоа и намалена потрошувачка на гориво и емисија на штетни материи, подобар комфор, подинамични возни својства и потивок звук се меѓу подобрувањата што ги постигнаа инженерите на Vredestein кај новата генерација на летните гуми Ultrac.

Премиум марката гуми Vredestein ја пушти во продажба новата генерација летни гуми Ultrac, со најдобри перформанси на суво и на влажно во класата. Развиена со нагласок на безбедноста и комфорот во глобалниот центар на Apollo Tyres во холандски Еншеде, новите Ultrac се достапни во распон од 15 до 18 инчи.

Подобрувањата во управливоста и страничната стабилност на сува и на влажна подлога изнесуваат 15% во споредба со претходникот. Тоа се должи на постигнувањето на речиси квадратна газечка површина, на покрутите блокови и на централното ребро со параболни странични канали. Тоа ги подобрува директноста при менување правец и прецизноста. Отпорот на тркалање воедно е смален за 5%, со што се постигнува и заштеда во горивото.

Со новата смеша се постигнува за 10% покус пат на сопирање, на суво и на влажно. Уделот на силика и смоли, заедно со полимери со повеќе намени, зголемен е за дури 50 проценти. Оптимизираната конструкција на страниците се грижи и за повеќе комфор.

>>> (2018 г.) Тест на летни гуми на АДАК: Димензија 205/55 R 16 V

Претходна објаваМагазинот Autocar и Porsche поставија 13 рекорди за електрични автомобили
Следна објаваFord ќе донесе електрични тротинети „на далечинско“ во Европа

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here