Британскиот Autocar денес објавува вест за подвигот што се случувал пред неколку седмици на тркачката патека Брендс Хеч. Со два електрични автомобили, Porsche Taycan Turbo S и Porsche Taycan 4S, во историски тркачки бои на спортската марка, поставени се дузина рекорди во брзина и растојание.
За работата да не се препушти на случајот, Porsche делегирал сопствени возачки имиња, во обидот за поставување рекорди. Едниот е Џонатан Палмер, актуелен шампион во карера-куп и во спринт, како и поранешен Ф1-возач, вториот е возачката легенда Ричард Етвуд. Од магазинот бил ангажиран уредникот Гудвин.
Тимот од вкупно шест возачи, со двата автомобили, извозел над 13 часови, стартувајќи и финиширајќи во мрак. Поставени се рекорди на 50, 100, 200, 500 и 1.000 километри, исто и рекорди на 50, 100, 200 и 500 милји. Паралелно се поставуваа и рекорди на еден час, три, шест и 12 часа.
Британскиот магазин објавува детално за подвигот на 10 страници, во изданието што е излезено од печат денес.
>>> Бројот на продадени возила не е клучен за шефот на Porsche















