за

Фабриката на Mercedes во Берлин ќе произведува електромотори и софтвер

Сцените од производството во фабриката на Mercedes во Берлин ќе бидат многу поразлични од тоа што досега го имавме како претстава за производство на автомобили.

Електромотори со ултрависоки перформанси и врвен софтвер што во идните автомобили станува исто толку важен колку самиот (електро)мотор. Тоа ќе го сочинува производството во фабриката на Mercedes-Benz во Берлин-Мариенфелде.

Дигитализација и електрификација стануваат клучни поими во автомобилската индустрија. Mercedes-Benz уште пред повеќе години објави дека стратегијата е по 2030 година да се произведуваат само електрични автомобили. На стратегијата се работи. Во Берлин во многу блиска иднина ќе започне монтирањето на електромотори со високи перформанси.

Денешната вест од Mercedes-Benz следи откако концернот летоска го најави преземањето на британската компанија за електромотори Yasa. Со овој чекор, германскиот концерн си обезбеди пристап до единствената технологија на електромотори со аксијален флукс.

Така функционираат големите автоконцерни во времето на електромобилноста. Додека порано се настојуваше продукцијата колку е мошно повеќе да им се препушти на партнерските компании и добавувачите, денес концерните повторно сакаат сé да си произведуваат сами. Во Берлин веќе се врши монтажа на електрични погонски единици, како и на т.н. EE-Compartment.

New item by Automedia MK / Google Photos

Напредува и изградбата на Mercedes-Benz Digital Factory Campus – тоа е кампус за развој, испробување и примена на најсовремени софтверски апликации MO360. Тоа ќе придонесе Берлин да стане одготовен центар за дигитализација во целата производствена мрежа на Mercedes-Benz. 

Во трансформацијата на Берлин се вложуваат повеќе од сто милиони евра во следните шест години; Таму до скоро се произведуваа исклучиво мотори со внатрешно согорување

Фабриката во Берлин-Мариенфелде ќе служи и како центар за обука и квалификација за глобалната производствена мрежа на Mercedes-Benz. Притоа ќе се користи дигитална платформа за учење, со максимална флексибилност. Таму ќе се врши и специјализација за стручни информатичари за дигитално вмрежување, како и за стручни информатичари за анализа на податоци и процеси.

New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos

>>> Неколку брзи факти за новиот Mercedes SL

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Toyota Hilux избран за најдобар пикап во светот

Три од три: Сите доставни модели на Peugeot возат на струја