за

Три од три: Сите доставни модели на Peugeot возат на струја

Професионалците најмалку се двоумат околу електромобилноста. Тоа што ветува помалку трошоци за погон и одржување, компаниите го прифаќаат безрезервно. Peugeot реагира.

Електричната револуција веќе е во тек кај професионалците. Целата понуда од доставни модели на Peugeot е достапна во изведба со електричен погон. Французите порачуваат дека функционалноста на возилата е иста како кај верзиите со дизел мотор, но затоа нема бучава, нема вибрации, апсолутно нема емисија на штетни материи и нема миризба. Peugeot се гледа како лидер во овој сегмент.

Со три модели од понудата на доставни возила што веќе се достапни во електрична верзија, Peugeot во следната година ќе цели да биде лидер во продажбата на возила со нулта емисија на штетни материи во Европа. Професионалците ќе бидат спокојни околу влијанието на нивните возила врз средината, во поглед на емисијата на штетни материи и бучавата, во време кога светот бара сé повеќе доставни возила за испорака во градските сердини, во време на онлајн-продажба.

Peugeot до крајот на годинава очекува да достигне 4.000 испорачани електрични доставни возила во Европа. Покрај тоа, во книгата со нарачки чекаат уште 10.000 возила.

Во текот на ноември, Peugeot ќе се заложи за понатамошна популаризација на електричниот погон во подрачјето на службените возила, преку масовна рекламна кампања.

Есенва се заокружи триото електрични возила на Peugeot, откако компактниот e-Partner и големиот e-Boxer му се придружија на e-Expert. Последниов модел лани беше избран за Светски ван на годината. Погонот на струја не менува ништо во функционалноста, затоа што товарниот простор е исто голем како кај верзиите со дизел мотори.

Меѓу предностите на електричниот погон се издвојуваат пониските трошоци за возење, едноставното возење, брзата реакција при притискање врз педалот за забрзување, моќното повлчекување, целосното отсуство на бучава, вибрации, миризба, и најважното, отсуство на штетни материи.

Годинава претстои уште еден клучен момент, со почетокот на производството на првиот елеткричен фургон на Peugeot со погон на водород. Peugeot e-Expert Hydrogen исто така е електричен автомобил, со таа разлика што не користи масивна батерија, туку резервоар во којшто чист водород се чува под висок притисок и со врвна заштита.

„Ние ветивме и го исполнивме ветувањето, дека ќе понудиме 100% електрифицирана гама од доставни возила до крајот на 2021 година, во што Stellantis успеа прв. Дури одиме уште еден чекор понатаму и за да ги исполниме потребите на останатите клиенти, во следните недели ќе понудиме ‘Hydrogen Fuel Cell’ за нашите ванови, како доказ дека ја почитуваме обврската да иновираме“, изјави Ксавиер Пежо, директор на деловната единица за комерцијални возила на ниво на групацијaта Stellantis.

Кампањата за e-Partner, e-Expert и e-Boxer ќе се емитува на интернационално ниво, под мотото „For the Day Ahead“, и главно ќе се базира врз спотот

Линда Џексон, извршна директорка на марката Peugeot, објаснува околу целта на кампањата: „Peugeot се обврза да стане водечки играч во промената и во трансформацијата на бизнис секторот кон чисто електричен погон. Пониските трошоци очигледно се многу моќен аргумент за корисниците, но ние покажуваме и дека електричните доставни возила се задоволство да се возат: За возачот, што е дел од едно ново возачко искуство, и за сите околу него, што користат придобивки од мирната животна средина, којашто е ослободена и од бучава и од миризба“.

Во продолжение следи претставувањето на понудата од електрични доставни возила што го подготвија во Еуроимпекс.

Целата понуда од електрични доставни возила на Peugeot:

100% Electric PEUGEOT e-PARTNER:

New item by Automedia MK / Google Photos

PEUGEOT PARTNER е на пазарот во повеќе од 100 земји од неговото лансирање во 1996 година, со веќе произведени 2.000.000 примероци, што само го нагласува неговиот комерцијален успех низ годините и бројните награди што ги има освоено, вклучувајќи ја и наградата интернационално комерцијално возило во 2019 година за сегашната генерација. Лидерот на европскиот пазар од неговото лансирање во 2018 година во сегментот Ф1 (Товарни возила) со постојан раст во уделот на пазарот, PEUGEOT PARTNER сега е достапен со 100% електричен мотор.

Карактеристики на новиот PEUGEOT e-PARTNER:

• досег до 275 km според циклусот WLTP
• 2 должини (стандардна и долга)
• 2 верзии: комерцијално возило (до 3 седишта) и продолжена кабина (до 5 седишта)
• тежина на приколка до 750 kg
• носивост до 800 kg
• зафатнина на товарен простор до 4,4 m³, точно иста како кај дизел верзијата.

Базиран на мулти-енергетската платформа EMP2 (Ефикасна модуларна платформа), PEUGEOT e-PARTNER доаѓа со 100% електричен мотор со максимална моќност од 100 kW (136 КС) и максимален вртежен момент од 260 Nm достапен од старт за моментална реакција, без вибрации, бучава, менување брзини или мирис на гориво и, се разбира, апсолутно без емисии на CO2.

PEUGEOT e-EXPERT и e-EXPERT HYDROGEN:

Сегментот на комерцијални возила има повеќе од 750.000 возила годишно во Европа, а PEUGEOT EXPERT го зголемува своето присуство во овој сегмент секоја година од неговото лансирање во 2016 година. Над 195.000 единици од оваа најнова генерација веќе се продадени.

Неговата електрична верзија беше прогласена за интернационално комерцијално возило на годината во 2021 година – шестото возило на PEUGEOT кое ја освои оваа награда од неговото создавање во 1992 година.

Новиот PEUGEOT e-EXPERT доаѓа со:

New item by Automedia MK / Google Photos

• избор од 2 големини на батерија, од 50 и 75 kWh, со 2 нивоа на досег кои нудат до 330 km во циклусот WLTP
• 3 должини (компактна, стандардна и долга)
• тежина на приколка до 1000 kg и носивост од 1275 kg
• зафатнина на товарен простор идентична со верзијата со мотор со внатрешно согорување (6,6 m³).

PEUGEOT e-EXPERT, исто како PEUGEOT e-PARTNER се базира на мултиенергетската платформа EMP2 (Ефикасна модуларна платформа) и нуди 100% електричен мотор со максимална моќност од 100 KW (136 КС) и максимален вртежен момент од 260 Nm, достапен од најниски вртежи.

Покрај тоа, PEUGEOT започнува со производство на електрична верзија напојувана од водородни горивни ќелии, PEUGEOT e-EXPERT HYDROGEN. PEUGEOT е еден од првите производители кој нуди ваков тип на мотори во сериско производство. Новиот PEUGEOT e-EXPERT HYDROGEN иновира со својот „електричен систем за водородни горивни ќелии со средна моќност“, кој се состои од:

• Горивни ќелии што ја произведуваат електричната енергија потребна за придвижување на возилото благодарение на водородот во системот на резервоарот.
• Високонапонска литиум-јонска батерија со капацитет од 10,5 kWh која може да се полни од електричната мрежа, која исто така го напојува електричниот мотор за време на одредени режими на возење.

PEUGEOT e-EXPERT Hydrogen исто така има:

New item by Automedia MK / Google Photos

• способност за покривање на сите дестинации без емисија на CO2
• способност за полнење со водород за 3 минути за повеќе од 400 km досег во циклусот на хомологација WLTP (под одобрување)
• штекер за полнење на високонапонската батерија
• Достапни се 2 должини (стандардна и долга), со исти карактеристики за јачина на полнење како и верзиите со дизел и електрични батерии
• До 6,1 m³ зафатнина на товарен простор,
• До 1100 kg носивост
• Тежина на приколка до 1000 kg

PEUGEOT e-BOXER:

New item by Automedia MK / Google Photos

Сегментот на големи комерцијални возила претставува повеќе од 550.000 возила годишно во Европа, а PEUGEOT Boxer го зголемува својот удел на пазарот секоја година. Надоврзувајќи се на својот комерцијален успех низ генерациите, со повеќе од 1.250.000 возила произведени и продадени во 110 земји од неговото лансирање во 1994 година, PEUGEOT BOXER сега доаѓа во 100% електрична верзија.

Новиот електричен PEUGEOT e-BOXER има:

• 2 нивоа на досег кои нудат до 340 km во циклусот WLTP (во моментов се врши хомологација),
• 2 капацитети на батерии од 37 kWh и 70 kWh,
• 4 должини и 3 висини,
• носивост до 1890 kg (во зависност од верзијата),
• волумен на полнење идентичен со оној на верзијата за согорување, до 17 m3.

Новиот PEUGEOT BOXER Electric нуди 100% електричен мотор со максимална моќност од 90 kW (122 КС) и максимален вртежен момент од 260 Nm, достапен при стартување за моментална реакција, без вибрации, без бучава, без менување брзини, без мирис, и се разбира, апсолутно никаква емисија на CO2.

Погонот е опремена со систем за враќање на енергијата, кој делува и кога ќе се отпушти педалата за гас и при сопирање. Максималната брзина е електронски ограничена на 110 km/h (и 90 km/h за верзиите од 4 тони).

Новиот PEUGEOT e-BOXER комбинира компактни надворешни димензии со максимална носивост: батериите се наоѓаат под подот, без никакво влијание врз волуменот на товарот.

>>> Електрично Peugeot e-208 го прошета цело Мариово

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Фабриката на Mercedes во Берлин ќе произведува електромотори и софтвер

Катни гаражи им служат како микро-депоа на доставувачите со велосипед