Audi останува во преговори за преземање на McLaren

Седиштето на Мекларен во Вокинг

Audi ги продолжува преговорите за преземање на McLaren. Претходната понуда на Германците била одбиена, затоа што во McLaren ценеле дека таа е прениска. Вестите ги објави агенцијата Блумберг, повикувајќи се на внатрешни извори.

Менаџерите во Инголштат размислуваат околу висината на новата понуда за преземање на McLaren, дали таа ќе биде финансиски привлечна за Англичаните. Извори на Ројтерс потврдија дека Audi се интересира за преземање на McLaren, но наведува дека дури во следната година би можело дури в година да се очекува исходот и потпишувањето на договорот за преземање или соработка.

Во почетокот на неделава проструија првите гласини за преземањето, во коишто се спомнуваше и BMW, но Баварците веќе посочија дека не се заинтересирани за таква зделка.

Освен за автомобилскиот огранок на McLaren, што произведува и развива сериски автомобили, Audi е заинтересиран и за формула 1 тимот. Инвеститорите на McLaren уште не можат да се спогодат меѓусебно околу продажбата.

Audi може да соработува и со други тимови во Формула 1, како Red Bull или Williams, пред да се вклучи во кралицата на мотоспортот. Од Вокинг, кадешто се наоѓа седиштето на McLaren, засега излегоа само со соопштение дека „нема промена во сопственичката структура“.

>>> Вредноста на McLaren F1 надмина 16 мио. ₤ по премиерата на T.50

 

Претходна објаваKia EV6 ја победи Tesla на класичниот американски „coast to coast“
Следна објаваToyota Hilux избран за најдобар пикап во светот

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here