Првиот модел на Kia од новата генерација електрични модели, кросоверот EV6, го извозе класичниот американски автомаратон од источниот до западниот брег, за пет и пол часови побрзо од досегашниот рекордер Tesla.
Просечното времетраење на полнењето на батеријата за време на патешествието долго близу 3.000 милји (над 4.800 km) изнесуваше помалку од 20 минути. Kia EV6 постави Гинисов рекорд, совладувајќи го патот во должина од 2.880,5 милји со најкусо време поминато во полнење, нормално, во конкуренција на автомобили со чисто електричен погон.
За време на седумдневното патешествие, од Њујорк Сити до Лос Анџелес, Kia EV6 беше приклучена на полнач вкупно 7 часови, 10 минути и 1 секунда, победувајќи го досегашниот рекордер, Tesla, за повеќе од пет и пол часови (12 часови, 48 минути, 19 секунди).
Расел Вејџер, директор за маркетинг на Kia America, коментира за успехот: „Рекордерското возење на EV6 е најновиот сигнал дека Kia ќе биде водечка во популаризацијата на електричните возила. Сиот инженеринг од светска класа на Kia и искуството со електричните возила ќе биде применето во електрификацијата. Истото внимание за детали, дизајн, квалитет, технологија и возни својства, по коишто Kia стана позната, ќе биде присуитно во секое ново електрично возило што ќе го пуштиме во продажба.“
Kia EV6 ќе започне со продажба во Северна Америка рано во 2022 година, како прв модел што е развиен и дел е од Plan S, стратегија за електрификација на марката. Кросоверот уште нема поминато цел месец во продажба на главните пазари во Европа. Официјалната статистика наскоро ќе го потврди како моделот минува меѓу европските возачки и возачи.
>>> Алберт Бирман, таткото на Kia EV6: „Времето никого не чека“