Toyota Hilux од рели Дакар во музејот на Фернандо Алонсо

Алонсо и неговата Toyota Hilux имаа мошне солидно прво возење на Дакар, со освоено 13-то место во вкупен пласман, со повеќе етапи извозени со најдобри времиња и со титула на најдобар дебитант во 2020 година.

Toyota Hilux Dakar од дебито на Фернандо Алонсо на Рели Дакар во 2020 година е најновото дополнување во збирката од возила што ги прикажуваат успесите на славниот пилот. Музејот и тркачка патека Фернандо Алонсо (MUSEO Y CIRCUITO FERNANDO ALONSO) се наоѓа на периферијата на Овиедо, во автономната заедница Астурија во Шпанија.

Изложен е оригиналниот тркачки автомобил од релито, не станува збор за реплика. Во вредната автомобилска колекција на некогашниот Ф1-пилот се наоѓаат и неколку тркачки прототипи, а меѓу нив и Toyota TS050 HYBRID, со којашто Алонсо победи во светското првенство во трки во издржливост во сезоната 2019-2020. Астурискиот возач со овој прототип победи двапати на 24 часа Леман.

При пристигнувањето на возилото во музејот, Алонсо кажа дека Hilux Dakar ќе биде дел од неговата лична колекција и еден од „најважните“ возила во музејот, „луксуз“ за посетителите на неговиот музеј. Славниот пилот не исклучи можност вторпат да учествува на најтешката автомобилска трка во светот.

https://photos.app.goo.gl/JxCP8dFLkb3FJgkz8

Тркачката Toyota Gazoo Racing Hilux Dakar од релито во 2020 година е возило од категоријата T1 и во основата има голем број заеднички делови со стандарниот Hilux. Моторот постигнува повисока моќност, а секако дека има големи промени во водењето на тркалата, сопирачките, спојката и менувачот – секако и во резервоарот, со  зафатнина од 520 литри.

Моторот е атмосверски V8 со зафатнина од 5,0 литри, со моќност од 325 КС при 5.000 вртежи во минута и вртежен момент од 620 Nm. Менувачот е 6-степен секвенцијален од Sadev, механичка блокада се користи за предниот, средниот и задниот диференцијал. Возилото е покусо од сериската верзија, но и значително е пошироко. Тежината е сведена на дозволениот минимум од 1.850 килограми, наспроти 2.095 килограми на серискиот модел.

>>> Toyota Hilux избран за најдобар пикап во светот

Претходна објаваПовеќе од 11.000 електрични полначи поставени во Германија само годинава
Следна објаваТест · Toyota Yaris Cross Hybrid AWD · Сé што знае Toyota, на едно место

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here