Германската агенција за инфрастуктура, којашто опфаќа дистрибуција на електрична енергија, гас, телекомуникација, пошта и железница, до 1-ви декември пријавила вкупно 51.000 полначи за електрични автомобили во земјата. Тоа значи дека во текот на годината, во Германија се поставени 11.600 нови јавни полначи, не сметајќи ги приватните полначи во домовите и во фирмите.
Вкупната инсталирана моќност на електричните полначи што се достапни за јавноста изнесува околу 1,5 гигават. Од целата мрежа, на брзи полначи отпаѓаат 2.900 локации. Тоа се полначи со моќност од 150 киловати нагоре. Пред една година, нивниот број бил 1.400 полначи.
Повеќе од 3.500 оператори со полначи се пријавени во Агенцијата. Половината од локациите ги покриваат 50-те најголеми оператори. Најголемиот број, околу 3.200 оператори, имаат поставено помалку од десет полначи. Тоа се обично продавници на мало, супермаркети или седишта на компании.
Така ние го полневме електричниот Mini при историската тура со електричен автомобил низ цела Македонија

Новите сојузни власти планираат масивно проширување на мрежата од електрични полначи. До 2030 година ќе бидат поставени еден милион електрични полначи што ќе бидат достапни јавно. Тоа е неопходно, затоа што и продажбата на електрични автомобили расте рапидно. Само во ноември, по германските патишта се пуштени повеќе од 40.000 нови електрични автомобили.
>>> Со електричен Seres 3 од изворот на Треска до Скопје
- Во нашиот онлајн-каталог Avtosalon.mk можете на следниот линк да ги погледнете сите електрични автомобили што се нудат на македонскиот пазар.
















