Посебно подготвен примерок од GRMN Yaris е една од ѕвездите на Toyota на салонот за тјунинг во Токио. Автомобилот што и во „стандардната“ GR-изведба е повеќе од ексклузивен, сега доби екстра ексклузивен третман со усовршувањето во GRMN Yaris. Денес почнува лотарија што ќе ги избере 500-те сопственици на моделот во ограничена серија.
Toyota Gazoo Racing на 14-ти јануари одржа премиера на GRMN Yaris на Токио Авто Салон. Така овој ден ќе се спомнува во историјата, а има и причина за тоа. Станува збор за серија што се базира врз Toyota GR Yaris и располага со уште поспортски карактер. Gazoo Racing ќе изработи само 500 примероци од моделот. Со GRMN Yaris се одбележува и почетокот на работата на одделението на Toyota што ќе биде специјализирано за спортска преработка и доработка на моделите на јапонската марка од големосериското производство.
Откако беше лансиран во септември 2020 година, GR Yaris е мошне активен на сцената на мотоспортот. Шефот на концернот, Акио Тојода, под неговиот псевдоним за тркачките патеки Моризо, го возеше тркачкиот Yaris во шампионатот Супер Тајкју. Најбрзиот Yaris победи во јапонското првенство во рели, а учествуваше и во учествуваше и во Rookie Racing.
Развојот на GRMN Yaris беше поттикнат од желбата на Акио Тојода, алијас Моризо, за „да им се испорачаат автомобили на клиентите што напредуваат брзо и автомобили што може да се приспособат индивидуално, исто како во мотоспортот“. Каросеријата е скрутена дополнително, одземени се 20 килограми тежина, а каросеријата е поширока за 10 mm заради подобра аеродинамичност. На тоа следи и „стандардното“ спуштање на каросеријата за 10 mm.
GRMN располага со механичка блокада на диференцијал, смален е распонот на преносните односи, скусен е конечниот преносен однос. Сето тоа е направено со цел да се добие автомобил што може да се вози побрзо и со поголем спокој, со зајакнато сопирање, подобар контакт, поголема стабилност и повисоки перформанси. При усовршувањето се користеа препораки и забелешки од професионални тркачи.
Двете нови услуги се водат како „Update Program“ и „Personalization Program“:
Update Program ќе се извршува во GR Garage, со користење технологија што е усовршена во мотоспортот, преку вградување дополнителни делови и вчитување нов софтвер. Преку оваа програма ќе се добие посилен мотор, подобрени возни својства итн.
Personalization Program е повеќе наменета за сериозни настапи во мотоспортот, со анализа на возните податоци на одредени тркачки патеки и последувателни зафати врз возилото во GR Garage. Во основа, преправките на возилото ќе се вршат точно според возачот и според патеката, главно во подвозјето и во дотерувањето на аеродинамичноста. Како што објаснуваат од Toyota, преку програмата за персонализација, „автомобилите ќе бидат скроени да бидат партнери и да се движат природно, исто како рацете и стопалата на возачот“.
Цената за Toyota GRMN Yaris во Јапонија изнесува 7.317.000 јени, односно околу 56.000 евра.
Составот на двата посебни пакети:
Circuit Package | BBS GRMN ексклузивни тркала од 18 инчи Сопирачки од 18 инчи Амортизери Bilstein со приспособлива сила на придушување Заден спојлер, прагови и преден потспојлер од карбон |
Избор при нарачка на возило | 8.467.000 јени |
Rally Package*10 | GR амортизери & скусен лост на стабилизатор GR заштита на подвозје GR заштитен кафез |
Дилерска ставка, може да се вгради отпосле | 8.378.764 јени |
Редоследот на лото-извлекувањето:
Од 14-ти јануари 28-ми февруари поднесување онлајн-пријава за резервација на возило
На 9-ти март објавување на добитниците
Напролет контактирање со добитниците
Од април до јуни пробни возења за приспособување на возилата за клиентите што ќе потпишат договори
Потоа следи испорака на возилата
Toyota GRMN Yaris |
||||
ДИМЕНЗИИ |
||||
Должина | (mm) | 4030 | ||
Ширина | (mm) | 1815 | ||
Висина | (mm) | 1475 | ||
Растојание меѓу оски | (mm) | 2560 | ||
Трага (напред / назад) | (mm) | 1,540/1,570 | ||
Клиренс | (mm) | 120 | ||
Седишта | (патници) | 2 | ||
Тежина | (kg) | 1250 | ||
Круг на вртење, радиус | (m) | 6 | ||
МОТОР |
||||
Тип | 3 цилиндри, турбо, интеркулер | |||
Зафатнина | (ccm) | 1.618 | ||
Моќност kW (КС) / min |
200 (272) / 6500 | |||
Вртежен момент Nm / min |
390 / 3200~4000 | |||
Резервоар | (L) | 50 | ||
ПОГОН И ПРЕНОС |
||||
Пренос | 6 степени, мануелен (iMT) / Блиски преносни односи + скусен краен пренос | |||
Преносни односи 1/2/3/4/5/6/R/краен |
3.214/2.238/1.592/1.162/1.081/0.902/3.557/4.250 | |||
Спојка | 9,5 инчи дводелен замавник, зајакнат | |||
Погон | На сите тркала | |||
Диференцијал со блокада | Механичка (напред / назад) |