за

Toyota GR Supra го симна покривот

Toyota ѝ оддава чест на чевртата генерација на Supra и изработи верзија од тековниот модел со отстранлив покрив.

За претстојното издание на СЕМА Шоу во Лас Вегас, најголемиот салон за тјунирање во светот, Toyota подготви изведба од GR Supra со отстранлив покрив, по пример на Supra Mk IV. Автомобилот беше подготвен за прикажување уште на ланското шоу, но пандемијата ги отажа сите планови. Заедно со тарга-моделот, во следниот месец во Лас Вегас ќе се појави и GR Supra Heritage Edition.

Замислата со Toyota GR Supra Sport Top е да се оддаде чест на култната четврта генерација на Supra, што се произведуваше во 1990-те години, но никогаш не престана да биде актуелна на сцената. Дел од имиџот на спортското купе од пред три децении беше отстранливиот покрив. Техничарите на Toyota изработија верзија од новата GR Supra со отстранлив покрив и истата се надоврзува на GR Supra Heritage Edition, што својата премиера ја доживеа во 2019 година, исто така на СЕМА.

Двата автомобила, GR Supra Sport Top и GR Supra Heritage Edition ќе бидат дел од годинашната СЕМА, што почнува на 2-ри ноември. Новата изведба со отстранлив покрив е дело на Марти Швертер и на Toyota Motorsports Garage. Користени се бројни детали од стилот, но и од зафатите за подобрување на перформансите од Heritage Edition.

Тимот се соочил со големи потешкотии да го „отсече“ покривот, што и не би требало да биде изненадување, затоа што каросериската школка на GR Supra во голем дел е изработена од челик со висока цврстина. За половина час, со традиционалната техника тие успеале да пресечат одвај еден инч, односно 2,5 сантиметри.

New item by Automedia MK / Google Photos

Самиот покрив се состои од два дела, изработени од композитен материјал, со 3D-печат. За тоа беше задолжено одделението за истражување и развој на Toyota во Ен Арбор, Мичиген. Панелите се профилирани за да одговараат на стилот на каросеријата на GR Supra. Секако дека се извршени бројни зајакнувања по целата школка, за да се надомести отстранувањето на покривот.

Задниот дифузор е изработен рачно, а исто е подобрено и струењето на воздухот под возилото. Издувот завршува со две издувни цевки поставени средишно. Третманот во стил на Supra Mk IV завршува со тркалезните светлечки прстени во задните светла.

New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos

>>> Toyota Supra HV-R во 2007 година беше прв хибрид со победа на 24 часовна трка

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mercedes-AMG SL со потпис на Славче Таневски е „сон на соништата на секој дизајнер“

ABS-системи работат и во електричните велосипеди