за

ABS-системи работат и во електричните велосипеди

Продажбата на електрични велосипеди врвни одлично. Само во Германија лани се продадени близу два милиони велосипеди на струја.

Педантната статистика Германците ја води за секое подрачје, пријавува дека лани продажбата на електрични велосипеди во земјата се зголемила за 43,4 проценти. Во чекор со тоа растел и бројот на незгоди со брзите велосипеди. Лани за 20% се зголемил и бројот на загинати лица. Систем ABS ветува поголема безбедност.

Добар систем против блокирање на тркалата на електричните велосипеди може да спречи незгода при сопирање во опасност. ABS спречува да блокира предното тркало, што инаку ја дава стабилноста при возењето, и со тоа спречува евентуален пад. Системот спречува и подигнување на задното тркало при силно сопирање и опасност од превртување.

Три марки нудат ABS-системи за велосипеди: Bosch, ZF Sachs Micro Mobility GmbH и италијанската BluBrake. Клубот ADAC го тестираше системот на Bosch и проверуваше дали ABS е корисен кај електричните велосипеди, а со тоа и дали се исплатува за системот да се платат неколку стотини евра.

Клубот ADAC при тестирањето дојде до заклучок дека ABS-системот успешно спречува блокирање на предното, дури и при неповолни услови, на пример на лизгава подлога. Добри се оцените и за стабилноста при сопирањето. Само при едно од 50 сопирања со ABS при ниска брзина, задното тркало се подигнало толку што велосипедистот морал да се придржи со нога за да не падне.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Заштитата од превртување има и еден недостаток. Во нормален случај, задното тркало ќе го изгуби контактот со подлогата кога силата на дејството на сопирачките ќе стане преголема. За да се спречи превртување, ABS мора навреме да ја ограничи силата на дејството на сопирачките. Но, проблемот е што притоа се продолжува патот на сопирање.

ADAC го препорачува системот ABS за велосипедисти што често возат по земја, кал и општо по лизгава подлога, како и возачи што го користат велосипедот преку целата година. Во такви услови е голема веројатноста дека гумите ќе изгубат контакт со подлогата. ABS го спречува тоа. Покрај тоа, електричните велосипеди можат добро да се контролираат при сопирање на сув пат.

ABS е корисен и за товарните велосипеди, што се потешки, имаат релативно ниско тежиште и долго растојание меѓу оските. Клубот препорачува при купување велосипед со ABS да се побара детално објаснување за работата на системот од продавачот, како и да се направи пробно возење, затоа што поради продолжениот пат на сопирање мора да се приспособи начинот на возење.

>>> Переци за велосипедистите: Иницијатива на германското министерство за сообраќај

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Toyota GR Supra го симна покривот

Почнаа наградите за Peugeot 308: Првата награда доаѓа од Германија