за

Почнаа наградите за Peugeot 308: Првата награда доаѓа од Германија

Жирито за избор на „Автомобил на годината во Германија“ го прогласи новиот Peugeot 308 за победник во компакт класата за модели во вредност до 25.000 евра.

PEUGEOT 308

Автомобилските експерти за изборот на Peugeot 308 беа најмногу убедени од стратегијата на „Моќ на изборот“. Исто како во сите нови генерации модели на Peugeot, возачките и возачите можат да избираат меѓу модели со бензински, дизел или хибриден погон.

Меѓу останатите вредности што му донесоа бодови на Peugeot 308 во изборот за најдобар автомобил на годината од компакт-класата во Германија се издвојуваат модерната технологија, дигиталниот Peugeot i-Cockpit што може да се конфигурира по желба, како и новиот дизајн со новото лого на Peugeot.

Компактниот модел на марката со лавот е победнички тип, затоа што и претходникот имаше добиено бројни одликувања, меѓу другото и „Автомобил на 2014 година“ во Европа, тогаш победувајќи ги BMW i3 и Tesla Model S.

New item by Automedia MK / Google Photos

Од германската канцеларија на Peugeot коментираат: „Ова е прва награда за новата генерација на Peugeot 308. Тоа прави да бидеме мошне горди на тоа што 308 се докажа токму во острата конкуренција во компакт класата во Германија. Успехот ни покажува дека сме позиционирани добро со стратегијата ‘Mоќ на изборот’ и со нашето постојано напредување на патот кон електромобилноста. Со новиот Peugeot 308 веќе постигнавме 80-процентна елеткрификација на нашата понуда од патнички модели.“

Peugeot 308 e печат на новиот идентитет на марката

Како прв сериски автомобил со новото лого, Peugeot 308 е во центарот на новиот идентитет на марката со лавот. Светлата што во целост работат со диодна техника, го формираат препознатливиот светлосен печат на марката. За дополнителна безбедност при возењето се грижат најмодерни системи за асистенција, вклучувајќи камера за наназад, предупредување при опасност од судир и предупредување при возило во мртов агол што регистрира возило на растојание до 75 метри. Истото важи и за системот за задржување во лента со активен зафат во управувањето.

New item by Automedia MK / Google Photos

Peugeot i-Cockpit е усовршен и модернизиран за новиот Peugeot 308. Ракувањето со инфо-забавниот систем е едноставно благодарение на i-Connect Advanced и на дигиталните i-Toggles.

Верно на мотото „Power of Choice“, новиот Peugeot 308 е достапен во две варијанти со приклучен хибриден погон, покрај изведбите со бензински или дизел мотор. Во 2023 година ќе следи и целосно електрична изведба e-308, како што тоа веќе е случај со e-208 и e-2008.

Почнува продажбата на новиот Peugeot 308 во Франција

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ABS-системи работат и во електричните велосипеди

Kia EV6 е премиум автомобил на годината во Германија