за

Kia EV6 е премиум автомобил на годината во Германија

Електричната Kia EV6 победи во категоријата премиум во изборот за автомобил на годината во Германија.

Kia EV6 во трката за престижната титула ги престигна VW ID.4, Audi Q4 e-tron, Mercedes-Benz C-Class и останатите конкуренти. Електричниот кросовер минува до 528 километри со полна батерија, а потоа може на брз полнач да ја наполни батеријата до 80% за само 18 минути.

Новата Kia EV6 е прогласена за „2022 German Car of the Year“ во коннкуренција на модели од премиум сегментот. Освојувањето на наградата се случува во време кога кросоверот со напредна технологија почнува со продажба на најголемите пазари ширум светот.

Електричниот кросовер со новиот стил на корејската марка ги престигна Hyundai Ioniq 5, Volkswagen ID.4, Audi Q4 e-tron и Mercedes-Benz C-Class во трка за титулата. Жирито составено од 20 автомобилски новинари ги оценуваше новите модели со цена на основен модел меѓу 25.000 и 50.000 евра.

Лук Донкерволке, главен дизајнер во групацијата на Kia и Hyundai, ја коментира победата: „EV6 не е само прва Kia што е базирана врз нашата нова глобална модуларна електрична платформа (E-GMP), туку е воедно прв автомобил што ја отелотворува нашата нова и впечатлива дизајнерска филозофија на ‘спротивностите се привлекуваат’, како и новото лого на компанијата.“

Покрај трите главни категории, за компакт возила со цена до 25.000 евра, за премиум возила со цена меѓу 25.000 и 50.000 евра и луксузни возила со цена над 50.000 евра, во изборот влегува и категоријата „Нова енергија“ за возила со погон на батерија или водород. Kia се пласираше на второто место, зад Hyundai Ioniq 5, што е изработен на идентична платформа E-GMP со EV6.

>>> Алберт Бирман, таткото на Kia EV6: „Времето никого не чека“

Во рамките на стратегијата ‘Plan S’, корејската марка планира до 2026 година да претстави 11 нови електрични модели, од кои седум ќе бидат само електрични модели базирани врз платформата E-GMP.

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Почнаа наградите за Peugeot 308: Првата награда доаѓа од Германија

Toyota најави старт на електричниот кросовер во средината на 2022