за

Переци за велосипедистите: Иницијатива на германското министерство за сообраќај

Велосипедистите ќе добиваат бесплатни переци во пекарниците што учествуваат во акцијата во германската покраина Баден Виртемберг.

Бесплатен перек за возачките и возачите на велосипед во 554 пекарници од 73 компании со синџири од пекарници, во иницијативата на германското министерство за сообраќај. Идејата е да се поттикне користењето велосипед во градовите.

Од 20-ти до 24-ти септември, велосипедистките и велосипедистите во германската покраина Баден Виртемберг ќе уживаат во изненадувањето што посебно е наменето за нив. Во овие денови, сите корисници на велосипед ќе добиваат бесплатен перек до 10 часот наутро, во пекарниците што учествуваат во акцијата. Единствено е потребно да се покаже заштитен шлем. Нема обврска да се купи друг производ.

Акцијата е замислена со цел да се укаже на позитивните ефекти од користењето велосипед. Кој редовно вози велосипед е поздрав, поиздржлив и помалку е под стрес. Воедно се прави добро и за заштитата на климата.

Министерот за сообраќај на Германија, Винфрид Херман: „Нема разлика дали возите велосипед до работа, до училиште, до универзитет или едноставно за уживање, дали возите секојдневно или го правите тоа само за време на акцијата: Наградете ја својата заложба за сопственото здравје и за заштитата на климата со бесплатен перек.“

Зависно од големината на пекарницата, секој ден ќе стојат на располагање меѓу 20 и 75 бесплатни переци, до 10 часот наутро. Одлична идеја што може да ја искористат и нашите велосипедски организации. Министерствата малку потешко.

>>> Секој петти инженер на BMW доаѓа на работа со велосипед

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најголема нарачка за електрично Mini: Deloitte нарача уште 140 возила

Kia и Hyundai градат фабрика за батерии во Индонезија