Kia и Hyundai градат фабрика за батерии во Индонезија

Поставени се темелите за фабриката на Kia, Hyundai и LG Energy Solution во Кераванг, во близина на главниот град Џакарта, во Индонезија.

Фабриката ќе започне со работа во 2024 година, со годишен капацитет за 10 гигаватчасови батериски ќелии, што е доволно за повеќе од 150.000 електрични возила, конструирани врз заедничката платформа E-GMP на Kia и Hyundai. Групацијата на тој начин си го обезбедува снабдувањето со батериски ќелии, во услови на нагло зголемување на побарувачката за батерии и електрични возила. Kia и Hyundai си поставија цел нивната групација да стане водечка во светски рамки во продажбата на електрични возила.

Во вонредни услови, чинот на поставување на темелите се одржа виртуелно, во присуство на претставници од индонезиските власти. Настанот беше посебно одбележан со присуството на претседателот Џоко Видодо.

Тоа ќе биде првата фабрика за батериски ќелии во Индонезија, што се цени како важен чекор кон новата ера на производство на батерии за електрични возила во земјата. LG Energy Solution очекува фабриката да прерасне во клучна база за светскиот пазар на електрични возила.

Kia EV6 конструиран врз новата платформа E-GMP

kia ev6

Групацијата на корејските производители на автомобили во јули годинава потпиша договор со Владата на Индонезија, за заедничка компанија за производство на батериски ќелии. Вкупното вложување ќе достигне 1,1 милијарда долари, партнерите имаат еднакво учество.

Фабриката се гради на земјиште со површина од 330.000 метри квадратни. Капацитетот од првично 10 GWh годишно, може во иднина да се зголеми на 30 GWh, зависно од побарувачката и движењата на пазарот. Властите преку посебни повластици и награди ќе обезбедат стабилна работа на погонот.

Еден од моделите во коишто ќе се вградуваат батериите од новата фабрика е Kia EV6, којшто ја користи новата платформа E-GMP.

>>> Kia го престигна Hyundai во продажбата на домашниот пазар

Претходна објаваПереци за велосипедистите: Иницијатива на германското министерство за сообраќај
Следна објаваВработени во Porsche трчаат за доброто на децата

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here