за

Вработени во Porsche трчаат за доброто на децата

Целта на првиот Porsche Virtual Run е да им се исполнат соништата на деца со тешки заболувања.

Вработени во Porsche што ќе се вклучат во спортски активности меѓу 17-ти септември и 3-ти октомври ќе заработат 50 центи за секој истрчан километар. Производителот на спортски автомобили ќе ја вложи целата собрана сума во фондацијата Make-A-Wish.

Секој километар што ќе го истрчаат вработени во целата светска мрежа на Porsche додава по 50 евроценти во сумата што е наменета за Make-A-Wish. Оваа фондација има за цел да им помага на деца во тешка животна ситуација и да им ги исполни желбите. Целата надеж е дека позитивното чувство што на тој начин се поттикнува кај децата, би можело да разбуди нови сили за борба против болеста. До денес, организацијата им има помогнато на повеќе од половина милион деца.

Porsche Virtual Run годинава ќе се одржува во замена на традиционалната 6-часовна трка во седиштето на марката во Цуфенхаузен, Штутгарт. Вклучувањето на Porsche во оваа благородна акција е во согласност со слоганот на спортската марка „Driven by dreams“.

За учеството во Porsche Virtual Run не прави разлика дали се пешачи или се џогира. Должината на растојанието и зачестеноста на спортувањето исто така ги одредуваат самите учесници. Единствено е потребно да се преземе апликацијата PUMATRAC, да се отвори профил и да се појде. Porsche испечати и маици со натпис Virtual-Run, од чијашто продажба исто така се упатуваат средства во фондацијата Make-A-Wish.

>>> Возење Porsche како автомобилски спа-третман: Road Tour 2021

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Kia и Hyundai градат фабрика за батерии во Индонезија

Фабрики најавуваат двојно повеќе чипови за авто-производителите