Двојната победа на првата трка во Бахреин предвреме им ја донесе титулата на светски прваци во трки во издржливост на Toyota Gazoo Racing. За возачката титула сепак ќе се чека последната трка во сезоната.
Toyota Gazoo Racing повторно пишува историја, откако постигна двојна победа на трката 6 часа Банреин. Тркачкиот тим на Toyota ја освои првата светска титула во новата ера на хиперавтомобилите во светското првенство на FIA во трки во издржливост (WEC).
Мајк Конвеј, Камуи Кобајаши и Хозе Мариа Лопез победија на претпоследната трка во сезоната, со GR010 Hybrid со стартен број 7. Себастиен Буеми, Казуки Накаџима и Брендон Хартли совршено го заокружија триумфот на Toyota Gazoo Racing, завршувајќи ја трката втори. Ова е трето светско првенство во WEC што во низа го освојува Toyota Gazoo Racing, односно вкупно четврто освоено првенство. Новиот хиперавтомобил победи на сите досегашни трки во првата сезона.
Вниманието сега е насочено на последната трка. Покрај тоа што победата ќе значи 100% доминација на Toyota во првенството, на трката 8 часа Бахреин се решава за возачката титула. Најголеми шанси имаат бранителите на титулата во возилото #7, коишто беа успешни и на класичниот маратон во Леман. Со третата победа во оваа сезона, нивната предност пред тимските колеги во GR010 Hybrid со стартен број 8 сега изнесува само 15 бодови. Тоа гарантира голема неизвесност во завршницата на сезоната.
Последната трка во оваа сезона се вози на 6-ти ноември, кога возачите и нивните тимови ги очекува 8-часовен маратон.
















