за

Peugeot прв во продажбата во пет сегменти во Франција

Peugeot е најпродавана марка на францускиот пазар во октомври и во вкупната продажба од почетокот на годината.

Десет месеци од 2021 година, десет месеци води Peugeot. Марката со лавот е најпродавана на францускиот пазар во октомври и предводи во вкупната продажба годинава, со пазарен удел од 17,4 проценти.

Сите модели на Peugeot даваат силен придонес за водечкото место на марката со лавот на домашниот пазар. Еден модел сепак има најголеми заслуги, тоа уште од самиот старт е Peugeot 208. Секако дека не изненадува и податокот дека Peugeot 208 е најпродаван автомобил во Франција годинава. Peugeot 2008, 3008, 5008 и 508, сите се водечки во своите сегменти и придонесоа лавовската марка да ја зајакне „кралската“ позиција на пазарот.

На 10-ти ноември стартуваше и продажбата на новата генерација на Peugeot 308 во Франција. Моделот во изминативе дваесетина денови наиде на одличен прием на пазарот. Голем број од нарачките пристигаат од возачки и возачи што и претходно возеле модел на Peugeot.

Еден од тројца купувачи на новиот Peugeot 308 се решава за изведбите со хибриден погон

Peugeot е лидер и во продажбата на службени возила на францускиот пазар во периодот од јануари до октомври.

За десет месеци во 2021, Peugeot…

… има два модели меѓу петте најпродавани патнички автомобили во Франција

… 208 е најпродаван автомобил на целиот пазар, со удел од дури 5,2 проценти

… 2008 е трет најпродаван модел на францускиот пазар, со удел од 4,5 проценти

Пет модели водат во продажбата во своите сегменти:

  • PEUGEOT 208 води во B-сегментот со пазарен удел од 5,2 проценти
  • PEUGEOT 2008 води во B-SUV сегментот со пазарен удел од 4,5 проценти
  • PEUGEOT 3008 води во C-SUV сегментот со пазарен удел од 3,2 проценти
  • PEUGEOT 5008 води во C-SUV сегментот на модели со 7 седишта, со пазарен удел од 1,4 процент
  • PEUGEOT 508 води во D-сегментот со пазарен удел од 0,5 процент

>>> Најубавата Французинка вози електрично Peugeot e-208

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Toyota победува и во ерата на хиперавтомобилите

Новото моделско годиште на Audi A8 нуди уште повеќе Audi