Електромобилноста во Toyota донесе големи најави, но и конкретни возила на настанот во Токио во вторникот, што заслужува да се води како револуционерен настан во автомобилскиот свет и во целиот свет што го движат автомобилите. Во продолжение ги наведуваме главните моменти што доведоа до тоа, Toyota на светот да му покаже колку јапонскиот концерн има сработено досега во електромобилноста.
Toyota до 2030 година цели да достигне годишна продажба од 3,5 милиони чисто електрични возила во светот. Тоа го најави шефот Акио Тојода, застанат пред 16-те возила со чисто електричен погон, во кадар што асоцира на легендарната фотографија на којашто Никола Тесла спокојно чита книга, додека околу него прескокнуваат молњи од тесла-трансформаторот.
Lexus по 2030 година ќе продава само електрични возила и цели на еден милион возила годишно во Европа, Северна Америка и Кина. Пет години подоцна, глобалната продукција на премиум марката ќе биде целосно електрична.
Овие важни најави и моменти секако не се случија преку ноќ:
Во 1997 година, Toyota започна со продажба на Prius, првиот хибриден електричен автомобил од големосериско производство. Развојот на електрични возила со погон на батерии стартуваше долго пред тоа.

Во 1992 година, Toyota основаше огранок за развој на електрични возила и го понуди RAV4 EV во продажба во 1996 година.
Рано по преоѓањето во новиот милениум беше прикажано малечко електрично возило “e-com”.
Јапонскиот концерн низ годините ги истражуваше сите аспекти на електричниот погон. Во 2012 година беше претставен Coms, микро-возило, заедно со eQ.
Годинава започна продажбата на “C+pod” и “C+walk”, а се забрза и развојот на електрични возила, вклучувајќи го “e-Palette”, како иновативен вид на средство за јавен превоз.
Заедно со отпочнувањето со развој на батериски електрични возила во раните 1990-ти години, паралелно се одвиваше и развој на елеткрични возила со горивни ќелии, што користат водород како погонско гориво.
Во 2002 година беше претставена Toyota FCHV, којашто се усовршуваше постојано и во 2008 година беше преименувана во Toyota FCHV-adv.
Врз основа на сите претходни чекори, во 2014 година започна продажбата на првата генерација на Mirai, автомобил со погон на водород.
Технологијата не електричен погон понатаму се вградуваше во сите категории возила, вклучувајќи автобуси и големи камиони, додека во исто време продолжуваше развојот на водородниот погон.
Toyota постојано истражуваше, развиваше и самостојно произведуваше батерии низ годините.
Во 1996 година беше онована Prime Earth EV Energy.
Покрај продолжувањето со усовршување на никел-метал-хидридни батерии, во 2003 година почна забрзан развој на литиум-јон батерии.

Од основањето на огранокот за развој на батерии во 2008 година, Toyota вложува многу во истражување на батерии со цврст електролит, коишто се следна генерација батерии.
Лани беше основано Prime Planet Energy & Solutions заради забрзување на заедничкиот развој на иницијативите во бизнисот со батерии.
Во изминатите 26 години, корпорацијата вложи близу 1 трилион јени и произведен повеќе од 19 милиони батерии.

Вложувањата во батерии во висина од 1,5 трилион јени што беа најавени во септември, се зголемуваат на 2 трилиони јени, за да се постигнат уште понапредни, поквалитетни, но и подостапни батерии.
Во поглед на природните ресурси, Toyota Tsusho истражува на подрачјето на литиумот уште од 2006 година и работи да обезбеди сигурни извори.
Во поглед на енергијата, Toyota Tsusho подолго од 30 години работи на обезбедување обновливи извори на енергија, како што се енергијата на ветерот и на сонцето.
