за

Рекордни 6.000 евра за вработените во Mercedes-Benz

Daimler AG и Mercedes-Benz AG им се заблагодарија на вработените за успешната деловна година, со рекодна висина на исплатената премија.

daimler mercedes концерн

Преку висината на уделот на вработените за успешното делување на компанијата, Daimler AG и Mercedes-Benz AG им укажуваат на своите вработени дека го признаваат нивниот труд. Премијата достигна рекордна висина, до 6.000 евра.

Daimler AG и Mercedes-Benz AG преку рекордна висина на премијата им заблагодарија на своите вработени за успешната деловна 2021 година. Менаџментот и работничкиот совет заеднички решија на вработените што имаат право на премија за успешно работење да им се исплатат до 6.000 евра. Тоа е голем успех во годината што беше одбележана од корона и од отежнати општи услови на делување, главно недостиг од полупроводници и материјали.

Премијата за успешно работење ќе им биде исплатена со февруарската плата на околу 100.000 вработени со приватен договор за работа во Германија.

Ергун Лумали, претседател на работничкиот совет на Daimler AG и Mercedes-Benz AG: „Тоа е вистинскиот сигнал до вработените по уште една турбулентна година со корона, криза со полупроводници и скусено работно време како последица од тоа, како и редовна работа од домашна канцеларија за многумина. Нашите колешки  и колеги се клучни за успехот на компанијата. Затоа е праведно, нивниот труд да се награди со исклучително висока премија за успешно работење.“

>>> Mercedes-AMG SL со потпис на Славче Таневски е „сон на соништата на секој дизајнер“

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Како Toyota дојде до пресвртницата со 16-те електрични возила

Mitsubishi со награда за технологија на годината во Јапонија