за

Toyota: Најдобра европска продажба во последните 15 години

Со близу 300.000 продадени возила во Европа во првите три месеци, Toyota постигна најдобар прв квартал, од 2008 година наваму.

Многу нешта се случуваат во Toyota, од една страна поради хибридниот погон, којшто токму во ерата на батериските електрични автомобили се продава подобро од кога било досега. Од друга страна, марката е моќна, затоа што успехот не се должи на само еден или два модели што се издвојуваат.

Европскиот огранок на Toyota достојно ја почна годината. Јапонскиот производител на автомобили, односно по ново концерн за мобилност, од јануари до март годинава пласираше  на европскиот пазар вкупно 291.721 возила. Тоа претставува раст од 2,5 проценти во споредба со првиот квартал лани, но уште поважно, тоа е најуспешен прв квартал на Toyota од 2008 година наваму.

За растот најмногу се заслужни моделите на Toyota и Lexus со хибриден погон, за коишто владее голема побарувачка. Продажбата на сите моделски изведби што имаат електромотор во погонот, во првото тромесечје пораснала за четири проценти.

Во меѓувреме, 72 проценти од сите возила на Toyota што се продадени во Европа, користат електромотор во погонот, или како помош за моторот, или како самостоен и единствен погон.

Во Западна Европа, хибридните модели учествуваат со 76 проценти во продажбата, додека во Источна Европа, нивниот удел изнесува 53 проценти – секако дека тоа се рекордни вредности

„Нашиот продажен волумен во првиот квартал е највисок од 2008 година. Разновидната понуда со различни технологии, од батериски електрични, ворододни, приклучни хибридни и хибридни возила, ја придвижува продажбата во целиот регион. Големиот број на нарачки ја потврдува привлечноста на моделите на Toyota и Lexus, коишто соединуваат впечатлив дизајн и исклучителен квалитет, со погон што не испушта штетни материи“, објаснува Мет Харисон, оперативен директор на Toyota Motor Europe.

Продажба по марки и модели

Со пазарен удел од 6,6 проценти, Toyota останува на местото на втора најпродавана автомобилска марка во Европа, по Volkswagen. Во првото тромесечје од 2023 година, продадени се 278.752 возила од матичната марка, што е зголемување за три проценти во споредба со лани.

Најпродавани моделски серии се Yaris Cross, Yaris, C-HR, Corolla, како и RAV4, коишто сочинуваат 74 проценти, односно близу три четвртини од вкупната продажба на марката. Уделот на возила со хибриден и електричен погон од јануари до март е зголемен за три проценти, со 198.232 возила, што одговара на 71 проценти од вкупната продажба.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Automedia.mk (@automedia.mk)

Lexus во истиот период продаде 12.969 возила и го зголеми уделот на хибриднни и електрични возила на дури 83 проценти. СУВ-моделите учествуваат со 85 проценти во продажбата на Lexus. Премиум марката очекува понатаму во текот на годината да постигне уште поголем раст во продажбата.

Тие очекувања се должат на надминатите проблеми во глобалниот синџир на добавувачи, но и на лансирањето нови модели, како што е RX. Иконскиот СУВ-модел на Lexus се нуди со три различни видови погон.

Втор важен новитет е Lexus RZ 450e, како прв модел на марката што е конструиран врз платформа наменета исклучиво за електричен погон.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

VW го планира електричниот ID.7 за компании и возачи на долги релации

Porsche Cayenne доби екстра сила и дигитално владеење во кабината